ФОТО: Ангела Меркел не може да стои?

Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денеска седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел.

Меркел заедно со нејзината гостинка седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено и против протоколот за време на вакви државни церемонии кога мора да се стои за време на интонирањето на химните.

Канцеларката вчера по трет пат имаше треска додека на истото место стоеше со финскиот премиер, па денес било одлучено за време на интонирањето на химните, наместо да стои, Меркел заедно со својата гостинка да седи.

Меркел за прв пат беше забележана како неконтролирано се тресе за време на состанокот со новиот украински претседател Владимир Зеленски на 18-ти јуни, а потоа и на 27-ми јуни на свеченоста со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмајер.

Снег падна во пустината Сахара

Снег падна во пустината Сахара, а во Саудиска Арабија температурите се спуштија и до минус 2 степени.

На снимките се гледа снег кој ги покрива песочните дини во Сахара.

Алжирските овчари ги водеа своите овци низ снегот.

Во Кина пронајден коронавирус во сладолед

Во Кина, утврдено е дека еден сладолед е заразен со ковид-19, откако три примероци биле позитивни на коронавирус. Здравствените власти во северната кинеска општина Тијанџин сега бараат луѓе кои можеби биле во контакт со низа производи од прехранбената компанија „Тијанџин Дакиаодао“.

Првичните епидемиолошки студии покажуваат дека компанијата произведувала низа сладолед користејќи суровини, вклучувајќи млеко во прав увезено од Нов Зеланд и сурутка во прав увезени од Украина, пренесува „Скај њуз“.

Д-р Стивен Фрифин, вирусолог од Универзитетот во Лидс, рече дека е малку веројатно дека ова е причина за паника.

– Веројатно ова дошло од некоја личност, а не знаејќи ги деталите, мислам дека ова е единствен случај – рече тој.

– Се разбира, секое ниво на контаминација не е прифатливо и секогаш е причина за загриженост, но шансите се дека тоа е резултат на проблеми со производствениот погон и потенцијална хигиена во фабриката – додаде тој.

Тој објасни дека студената температура на која се чува сладоледот и фактот дека содржи маснотии може да објасни зошто вирусот преживеал на земените примероци, но сугерира дека не треба да биде аларм.

„Веројатно не треба да паничиме дека секој сладолед одеднаш ќе биде заразен со коронавирус“, рече тој.

Вработените во компанијата, од кои 1.662, сега се во карантин и се прават анализи.

Официјалните лица објавија дека компанијата произвела 4836 кутии со контаминиран сладолед, од кои 2.089 се запечатени во магацин.

Вкупно 937 кутии, од 2.747 што стигнаа на пазарот, беа во Тијанџин, а 65 од нив беа продадени. Секој што го купил производот треба да ја следи ситуацијата.

Тимот на СЗО пристигна во Вухан

Експертскиот тим на Светска здравствена организација денеска пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата.

Експертскиот тим во Вухан градот во кој по прв пат се појави вирусот Ковид-19 ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.

Петр Бен Ембарек, експертот на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.

Виетнамскиот биолог Хунг Нгујен, кој е дел од тимот, истакна дека не очекува рестрикции на работата на групата во Кина.

Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти,, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.

Популарно