АУДИО: Фатмир Бесими му купува на Фатмир Дехари СЕ ОД МАРКА БОС со пари од ИПА фондови на ЕУ!

Фатмир Бесими како шеф за Евро Интеграции му купува облека на градоначланикот на Кичево Фатмир Дехари со пари од ИПА фондови на ЕУ!

- 42 ги имаш кошулите?

- 42 слим филд, ми текна

- Денес сум облечен со тафт

- Да

- Е ја немам со мене, црната кошула....

....се зборува за комбинирање на јоргован боја кошула со кафеаво одело и кравата која треба да биде во контра боја, како и за шопинг од марка Бос.

- Кошули 42 слим филд, кондури 43, 52 слим филд панталони. 12 години сме заедно - му вели Дехари на Бесими.

Бесими одговара: Чекај полека, кошули и вратоврски ќе ги ставам на проекти од ИПА фондови, и овие одела и чевлите ќе ги обезбедиме од ИПА Фондови, му вели Фатмир Бесими на Фатмир Дехари.

Аудио објавата на Ел Чека, можете да ја преслушате ТУКА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно