ФОТО: Овој работник заслужува вистински медал - го виде целиот

Македонија не може да се пофали како земја со добра сообраќајна култура. Возењето во спротивна насока, паркирањето на недозволени места, непочитувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација е секојдневие во Македонија. За среќа постојат и исклучоци.

Така во јуни 2015 година додека екипа на Google StreetView беше во посета на нашата земја, на регионалниот пат Кичево – Охрид еден вработен во Синохидро беше „фатен” како го чисти коловозот од цигли кои му се скршиле при транспорт.

Доколку се движите на следниот линк ќе забележите како човек во средни години на спротивна лента без никаков помошен алат, рачно ги отстранува искршените цигли од коловозот, а само неколку метри потоа се наоѓа и неговиот службен камион паркиран на крајната десна лента.

Секако дека ова треба да биде вообичаена практика, но секоја чест за возачот кој наместо да продолжи да вози (нешто што би го направиле повеќето возачи) застана и во име на безбедноста во сообраќајот го исчисти коловозот.

Секоја чест, заслужува медал.

МОН и Комисијата за заразни болести неделава ќе ги утврдат протоколите за училиштата

Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести денеска или утре за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од ковид-19. Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска пред празникот Илинден изјави дека работната група и за време на продолжениот викенд ќе работи за да ги финализира сите детали во документите што ќе им бидат претставени на членовите во Комисијата со која и досега имале консултативни средби.

Конечната верзија, како што рече, потоа треба да помине на седница на Влада, можеби уште на првата закажана по празникот – в среда, и се надева дека до петок усвоената верзија веќе ќе им биде пратена на училиштата за да се подготват и приспособат според своите услови. На 10 август ќе биде презентирано и за јавноста.

-Имаме модели и оставаме самите локални самоуправи, кои имаат и кризни штабови, да направат проценка кој модел што ќе го понудиме и во кој период ќе биде корисен според епидемиолошката слика. Наш генерален став, како и во повеќето земји во светот, е наставата да се организира со физичко присуство на учениците и со почитување на мерките за заштита. Тоа ќе зависи и од средината, дали има или нема заболени од вирусот. Нема да биде проблем за помалите и руралните средини со помал број ученици. Наставата со физичко присуство ни е важна за основците, особено за најмалите, од прво до трето одделение, кои не може да се описменуваат преку компјутер, а има и родители кои не можат или не знаат да им помогнат. Тука е многу важна и социјализацијата на тие деца, изјави Наумовска. Онаму каде што ќе има учење од далечина, рече таа, не значи дека моделот е-настава ќе се применува во текот на целата учебна година, туку додека трае опасноста од вирусот и ќе може да се преминува од еден во друг модел.

Текстот продолжува на Вечер

3 лица починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 14

-Куманово 8

-Штип 13

-Струга 1

-Кавадарци 3

-Гостивар 22

-Кочани 1

-Берово 3

-Виница 4

-Свети Николе 3

-Кичево 2

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:

-Скопје 23

-Куманово 1

-Дебар 1

-Штип 11

-Тетово 17

-Велес 1

-Охрид 1

-Кавадарци 3

-Гостивар 9

-Радовиш 5

-Кочани 1

-Свети Николе 17

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам конститутивната седница

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.

Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.

Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

Ќе се гласа со рака, со картончиња во три бои, зелена, жолта и црвена бидејќи во оваа сала нема инсталирано систем за гласање.

На секој што ќе влезе во собраниската зграда ќе му биде измерена температура а пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Популарно