ФОТО: Српската актерка не старее

Српската актерка Лидија Вукичевиќ вчера наполни 57 години, а роденденот го прослави во кругот на најблиските, пишуваат српските медиуми.

Иако актерката ја гази шестата деценија, за неа времето одамна застанало.

Ако ги погледнеме нејзините фотографии и снимки од пред 30 години воп нејзината најголема популарност во серијата „Бољи живот“ во улогата на Виолета, а подоцна и во „Жикина династија“. каде ја играла Лилика, изгледа скоро идентично кко и денес.

Поеднакво е згодна е убава. Единствено што е променето на неа се нејзините гради, кои се поголеми, па многумина заклучиле дека ставила импланти.

Котевска, Стефанов и Георгиев поканети за членство во Американската филмска академија

Американската академија за филмска уметност и наука ги покани за членство македонските режисери Тамара Котевска и Љубо Стефанов, автори на документарецот „Медена земја“, и продуцентот и монтажер Атанас Георгиев. „Медена земја“ испиша историја како прв македонски филм кој годинава имаше две номинации за Оскар, за најдобар странски филм и за најдобар документарец. „Медена земја“ е и прв документарец во историјата на Оскарите што има номинации во обете категории.

КОРЕЈСКИОТ „ПАРАЗИТ“ ЈА ПОБЕДИ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЗА НАЈДОБАР СТРАНСКИ ФИЛМ НА ОСКАРИТЕ

Сите тројца се поканети во категоријата за документарен филм, Котевска и Стефанов во категоријата режисери, а Георгиев и во монтажа.

Академијата испратила покани до 819 уметници кои дале значаен придонес во филмската уметност. Во генерацијата 2020, 45 отсто од членовите се жени, 36 отсто се претставници на етничките заедници, и 49 проценти се странски членови од 68 земји.

Има 75 номинирани за Оскар, од кои 15 се победници. Членови ќе станат само тие кои ќе ги прифатат поканите.

СЕКОЈ КОЈ Е РАЗОЧАРАН ШТО НЕМА ОСКАР ДА СЕ ПРЕИСПИТА, НАМ НИ СЕ СЛУЧИ ИСТОРИЈА, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ПО ДВЕТЕ НОМИНАЦИИ

„Академијата е пресреќна да им посака добредојде на овие истакнати патници во филмската уметност. Ние секогаш сме ценеле исклучителни таленти кои ја рефлектираат богатата разновидност на нашата светска филмска заедница“, изјави претседедателот на Академијата Дејвид Рубин.

Церемонијата на свеченото доделување на Оскарите е закажана за 25 април 2021 во Лос Анџелес. Поместена е за два месеца подоцна од вообичаениот термин, поради пандемијата на коронавирусот.

ФОТО: Горан важи за еден од најубавите мажи на Балканот - на црвениот тепих воодушеви со изгледот

Филмот на Срѓан Голубовиќ „Татко“ во моментов има светска премиера на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин. Филмот за човекот на кој Центарот за социјална работа му ги одземало децата ќе биде отворен од овогодинешниот Фест на 28 февруари.

Главниот актер на филмот, Горан Богдан на Инстаграм објавил фотографија од црвениот тепих во Берлин.

Богдан на оваа престижна манифестација се појавил во црно одело кое го потполнил со црна машна и елек во иста боја и бела кошула.

Актерката Џејми Ли Кертис си доби подарок од Атиџе и тимот на „Медена земја“

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.

-Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше воодушевена од филмот.

Популарно