Екс-сопругата на Кајмакоски за првпат прозборе за разводот: Ми беше тешко, но сега ќе пеам

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот на годинава веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.

Таа открива дека подготвува дуетска песна со Андреј Миске.

-Снимивме песна наменета да ги допре малку сите заљубени, оставени, ќе излезе во септември – раскажа Кристина.

ФОТО: Погледнете со кого ги поминува Сара Мејс слободните мигови

Пејачката Сара Мејс заедно со сопругот Димитар и ќеркичката Илина уште на почетокот на месец јуни се спакуваа и заминаа на море на вториот грчки крак, поточно во Ситонија.

Но, јуни и јули поминаа, а во жешкиот август ретко кој од нас посакува да седи дома или на работа и да гледа туѓи фотографии од море. Сара Мејс најде алтернатива како да се разлади и забавува, а иззборот падна на базен во скопската населба Аеродром. На ваквата идеја се согласи и Диме, па брачните сопружници се редовни на капење, размрдување, забавување.

Ова некако добро му се виде и на помалиот брат на пејачката, Петар Костадиновски, кој отиде на рекреација заедно со сестра си. Сара најпрвин објави фотографија со Димитар, а подоцна и со Петар кој очигледно уживал во дружбата со дада.

Инаку, Петар е студент по фармација, а од неговите профили на социјалните мрежи, може да се види дека тој е особено горд на својата постара сестра и постојано ги објавува нејзините тековни музички новитети.

ФОТО: Аца Лукас не жали пари за одморот со новата девојка

Аца Лукас и неговата избраничка Јована Дорошки отпатувале на краток одмор на пет дена, за кој издвоиле неверојатни 15.000 евра, открива Курир.рс

Еден од најпопуларните пејачи на овие простори е пренатрупан со обврски и скоро и не стигнува да здивне и одмор од настапи, но по секоја цена сакал да помине барем неколку дена со својата нова девојка, со која е во врска од ова лето.

Го одбрал едно од најлуксузните летувалишта, италијанскиот остров Капри, каде цената на аранжман во хотел на море за двајца е 2.500 евра.

Освен аранжманот од 7 ипол илјади евра, барал на располагање да има јахта и некои луксузни барања.

Како што пишува Курир.рс морал да плати и две авионски карти, затоа што не стигнале на редовниот лет кој бил организиран од агенцијата. Тоа ги чинело над илјада евра. Вкупно собрано се на се со излегувањата и храната, луксузното патување на Капри за само пет дена ААца Лукас го чинело 15.000 евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ACA LUKAS (@aleksandar_vuksanovic_official) on

ВИДЕО: Карлеуша на летување во вилата на Поповиќ

Јелена Карлеуша отпатувала со семејството на годишен одмор после прославата на својот 41. роденден и тоа во полн состав, затоа што сега е присутен и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Меѓутоа, овој пат таа одлучила да се види и со Саша Поповиќ.

Пријателите од „Ѕвездите на Гранд“ се сретнале во Опатија, а Поповиќ ги забавувал ќерките на Карлеуша, Атина и Ника.

Погледнете како сите заедно се забавуваат:

Популарно