(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволам еден ПЕД*P да ме симне од власт!

Премиерот Заев во изјава за тоа дали скандалот и истрагата “Рекет” изјави:

- Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!

Целото видео со контроверзната изјава на премиерот:

Во една просторија и операции и породувања!

Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала.

Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители.

Гинекологот Љупче Ристески за Алсат вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.

Повеќе прочитајте на официјалната статија ТУКА на Алсат М.

Боки 13 поднел документација за нарушено здравје

Прво осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба.Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

Боки 13 за време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош

На Јанева и е подобро, утре се враќа во Шутка

Поранешната Специјална обинителка, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари каде ја издржува мерката притвор, која и беше одредена како осомничена во предметот „Рекет“, пренесува „Фокус“

Јанева е веќе четврти ден на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба. На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.

Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција

Популарно