Сакате да се чувствувате cekcи?

Сакате да се чуствувате секси? Да ви се зголеми самодовербата? Три едноставни чекори ќе ве одведат во таа насока.

НОСЕТЕ ЦРВЕНО

Истражувањата покажаа дека за мажите црвената е најсекси боја, а новата студија на University of Rochester покажува и зошто. Машките учесници во истражувањето, ги оценувале жените како поотвроени за секс кога ја носат црвената боја.

ОТКРИЈТЕ ГИ РАМЕНАТА

Очигледно тие се подеднакво сугестивни како и деколтето. Еден поглед на вашите рамена и мажите помислуваат на вашите гради, а ова е поврзано со нивниот заоблен облик кој ги потсетува мажите на гради, како и впрочем близината.

ОБЛЕЧЕТЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Не затоа што некој има фетиш на стапала. Делот од мозокот кај мажите кој испраќа информации за сексуална возбуденост е истиот оној кој ги перцепира и вашите стапала, па толку затоа еден секси пар чевли може да предизвика валкани мисли.

ФОТО: Секс поза инспирирана од јога

Оваа секс поза во креветот е инспирирана од јогата, но не е тешка за изведување. Ако сте љубители на јога, оваа сексуална поза сигурно ќе ви се допадне.

Интерпретација на класична кучешка позиција за која е потребно нешто повеќе сила и флексибилност е одлична вежба, многу позабавна од вежбање во сала, пишуваат британските медиуми кои објавија илустрација позата.

-Ако вашата цел во 2020. Е да бидете во форма, нашата интерпретација на класичната кучешка поза инспирирана од јога ќе ви помогне да го пребродите февруари, вели Лора Витакер, вработена во британска компанија чија идеја е позата, а се занимава со производство на долна облека и секс-играчки.

За оваа позиција потребни се сила и флексибилност и ја сметаат за одлична за одржување на кондицијата.

Позата бара многу, но со вежби ќе стане уште подобра и пофлексибилна. За уште подобро искуство, од британската компанија препорачуваат употреба на масло за масажа.

Непријатни работи кои се случуваат за време на сексот

Оние кои што мислат дека сексот изгледа како на филмовите за возрасни ништо не знаат за него. Корисници на Редит расправаат за тоа што се случува во вистинскиот живот за време на односот, а тоа не можете да го видите во филмовите за возрасни. Сепак, Базфид, од повеќе од 11 илјади коментари ги одбра оние со најголем број на реакции.

1.Непријатен момент на прекин помеѓу предиграта и сексот, кога некој ќе се фати за кондом. Тоа трае вечно.

2.Да пијат нешто зашто им се суши устата за време на орален секс.

3.Запирање за време на оралниот секс за да извадите влакно од уста.

4.Запирање за да видите зошто кучето лае во другата соба.

5.Привремено губење ерекција при промена на поза.

6.Случајно удирање со глава или со лактови.

7.Разговор за вашите утрешни планови.

8.Грчеви, испуштање гасови, смеење.

9.Децата тропаат на врата за да ви кажат нешто непристојно.

10.Домашни миленици кои гледаат или скокаат на креведот за да проверат што се случува.

11.Момент во кој двајцата сте одлучиле да прекинете иако ниту еден не ејакулирал, но сте премногу исцрпени за продолжите.

12.Вистинските изрази на лицето за време на оргазам кој никој не би сакал да ги види.

13.Некој да ужива во вкусот на спермата.

14.Лудачко мокрење по секс.

15.Влечење до тоалет пред што било да истече од телото.

16.Кавга за тоа кој спие на мокриот дел од постелнината.

17.Разочарување.

Никако не можам да ја прифатам оваа „модерна“ љубов

Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем со постепено запознавање, ниту пак морам итно да ги запознаам твоите родители и да се вселам во твојот стан. Но, имам проблем кога се работи за комуникација која се одвива само преку пораки, без никаква средба „очи во очи“. Имам проблем кога со недели не можам да сфатам „на што сме“. Имам проблем со сомнежи и двоумења.

Премногу сум зрела за да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со други, спомнувајќи ми колку те посакуваат други жени, обидувајќи се да ми доловиш колку е полн твојот распоред за да направиш место за мене, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтересиран и ќе продолжам понатаму. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам и убедувам зошто треба да ме избереш мене. Ако се двоумиш меѓу мене и некоја друга, одбери ја неа. Немам намера да бидам утешна награда, туку единствен избор.

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако кажеш нешто што ме збунува, нема да останувам будна навечер трудејќи се да те дешифрирам. Ако се однесуваш непристојно, нема да молчам. Јас ќе зборувам. Ќе ти кажам што чувствувам наместо да глумам дека не ми е ништо. Нема да ги поттиснувам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил. Нема да губам време на слушање на твоите приказни, ако не си подготвен да кажеш на сите дека сум твоја. Нема да ја вложувам мојата енергија во тебе кога не си сигурен дали нашата врска е вистинската и дали има иднина за нас. Јас сакам некој кој не се плаши да биде посветен и верен. 

Премногу сум зрела за да се чувствувам неудобно заради тоа што сум сама. Повеќе не се лажам себеси за тоа дека сѐ повеќе ми се зголемуваат шансите дека ќе останам сама. Повеќе не мислам дека ќе бидам посреќна во врска. Океј ми е и вака. Ако дојде до врска која има смисла, со задоволство ќе го отворам моето срце. Но, сѐ дотогаш, ќе останам сама. 

Популарно