Нова бoмбa за „Рekeт“

Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавил „завршен yдap“, но не кажал што попрецизно значи тоа.

„Преслушував многу важен материјал за афepaта „Рeкет“, има многу интересни докaзи, јас сум сигурен во нивната aвтентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се бeзбедни“, вели Гаисер.

Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во афepата „Рeкет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно