(ВИДЕО) Што работи Татјана Лазаревска во Австралија и со кого се дружи?

„На Водици, 20 јануари 2015, јас, сопругот Новица и двата сина се преселивме во Австралија. Имавме храброст за тоа. Иако во Македонија имавме пристоен живот, ни фалеа уште некои работи за да имаме навистина квалитетен живот“, раскажа фолк-пејачката Татјана Лазаревска за „Репортер“ која овие три недели е во Македонија. И овој пат дојде сама. Новица сè уште не бил во Македонија, но Татјана вели дека и тоа наскоро ќе биде, ќе дојдат заедно.

Таа за „Репортер“ кажа дека во Австралија работи како воспитувач во градинка, а Новица вози училиштен автобус. Вели дека таму се дружи и со ајктерот Васко Тодоров или Тошо Малерот и пејачката Маријана.

Ана Бекута го истопи салото, а во тоа ѝ помогнаа две состојки

Српската пејачка Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ се на диета која дефинитивно дава резултати.

Парот одлучил да држи диета, така што популарната пеачка “пресекла“ и рекла дека мора да се откаже од некои работи поради здравје и подобар изглед.

Партнерот на Ана се пофалил дека за една година успеал да ослаби неверојатни 25 килограми, додека Ана ослабела 17 килограми за неколку месеци.

Тајната на Милутин е во тоа што ја променил исхраната, не пие и одбегнува балаго и леб, и дека во текот на денот има 4 или 5 помалку оброци. Меѓутоа, Ана за разлика од Милутин води посебен режим за исхрана, кој и помогнал да ослаби нешто побрзо од него.

Пеачката открила каков режим на исхрана има и кои зачини и помогнале да дојде до целта. Таа секоја недела има ново мени по кои подготвува јадења за себе а во исхраната најмногу користи овошје, зеленчук, додека месо подготвува во мали количини. Ана исто така одбегнува сол во храната, а од зачини става доста бибер и куркума.

Пеачката, покрај ваквата исхрана води сметка и за изгледот, па се пофали дека редовно вежба, а посебно внимание обрнува на кардио тренинзите. Таа исто така препорачува доста течности како што е чај и вода. Покрај одличниот изгледа многума забележале дека Ана ја променила бојата на коста и дека се разубавила.

ФОТО: Татјана Лазаревска го прослави својот роденден

Македонската пејачка Татјана Лазаревска која живее во Австралија заедно со сопругот, пејачот Новица Василевски и двајцата синови славеше роденден заедно со своите најблиски. Таа направи тематска забава на која сите дојдоа маскирани.

На Инстаграм објавила и фотографии од забавата, со кои се пофалила дека специјални гости биле Аца Лукас, Јелена Карлеуша и Зорица Брунцлик, мислејќи на своите пријатели маскирани. Таа пак, се маскирала во Тања Савиќ. Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

"AVLIJE,AVLIJE" ZORICA I KEMIS #balkannight #balkanmusicc

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

ФОТО: Брена покажа како ужива, а коментарите не престанаа

Лепа Брена објави фотографија од Мајами и ги воодушеви своите фанови. Се работи за луксузна вила која има 400 квадрати и се наоѓа на самото море.

Брена и сопругот Боба се доста познати личности за соседите кои се до нив, а се проценува дека одржувањето на оваа вила месечно ги чини 2.000 долари.

Среќниот пар неодамна прослави 28 години брак, а сеуште изгледаат заљубени како и првиот ден. Дека постојано се некаде и во движење говорат фотографиите кои ги објавија пред само некој ден, кога по повод Денот на вљубените, парот замина во Црна Гора и уживаа на романтичен начин на дожд.

Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.

За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.

Популарно