Летни температури се до крајот на месецов

Под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса според најновите анализи се до крајот на овој месец ќе се заджат летните температури на воздухот што значи осетно заладување нема на видик.

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, за време на викендот пак и тоа особено во сабота и тоа во северната половина од државава ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури оваа недела ќе се искачуваат во интервалот претежно од 32 до 38 степени.

НАПОМЕНА: Сушата која оваа недела ќе ја зафати државава МНОГУ ЛОШО ќе влијае особено врз земјоделието па затоа на земјоделците ги советуваме задолжително да ги наводнуваат своите земјоделски култури и тоа претежно во раните вечерни часови. Исто така поради сушното време големи се шансите и за нови шумски пожари па така на граѓаните ги СОВЕТУВАМЕ да избегнуваат палење на оган во природа.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Спремете се за врнежлив викенд

Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

УХМР со најнова прогноза: Од утре дожд, снег и многу студено

Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура утре ќе се движи во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до 14 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 13 степени.

УХМР со најнова прогноза - најавува пад на температурите и силен ветер

Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, јавува УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.

Популарно