ЕУ: Нема датум без брза истрага за „Рекет“

Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес.

-Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на С. Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата, вели за МИА, Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕК.

Таа потсетува дека Собранието го усвои законот со кој се етаблира СЈО и ја назначи Катица Јанева на функцијата специјална јавна обвинителка.

-Нејзиниот заменик или заменичка ќе биде назначен согласно релевантните закони на С. Македонија и Европската Унија немала и нема никаква улога во овој процес, додава портпаролката, запрашана за коментар околу дискусиите поврзани со процедурите за назначување на нов специјален јавен обвинител.

Европската Комисија не ги коментира јавно ниту деталите од преговорите помеѓу власта и опозицијата за иднината на СЈО, ниту случајот „Рекет“, но извори во оваа институција кои од блиску ги следат случувањата во Македонија, велат дека она што е најважно за Брисел како и за земјите членки на ЕУ, е брза, но ефикасна и транспарентна истрага.

Ние не веруваме во личности, туку во институции, велат од Европската Комисија, на тоа секогаш сме инсистирале во нашите пораки и во нашите извештаи.

-Фактот што Катица Јанева е искомпромитирана не мора нужно да значи дека целата институција е искомпромитирана, сметаат во ЕК, но се разбира, велат, очекуваат истрагата за „Рекет“ да ги донесе потребните одговори на дилемите кои се појавија, на брз, ефикасен и транспарентен начин.

Дипломатите во Брисел и функционерите во Европската Комисија, како и јавноста во Македонија, се затекнати од аферата „Рекет“ и очекуваат непристрасна истрага, и решение за СЈО кое ќе овозможи да се врати довербата во судството и во правната држава во земјата.

Од ова во голем дел ќе зависи и одлуката за датумот за преговори за Македонија која се очекува во октомври, потсетуваат во Брисел.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно