Јорданка Ивановска - Јоци на својот Фејсбук објави статус посветен на новинарот Љупчо Златев и пораки што тој и ги праќал.
„Љупче.
Кога беше студент, прво ме сакаше, па ме обожаваше, па почна да ми пишува и во 1 во 2 по полноќ да ме прашува за мислења ко авторитет, па стаса и да ми се обраќа дури и со ,,мила моја". Хм 😁
Детенце. Па и прашувал луѓе за мене. Со години траеше ова, ова е мал исечок.
Класика. Прво те сакаат, па те мрзат.
Потоа, му се тресеа раце и му се потеа кога ме запозна.
Па и на протести против Грујо почна да оди, па некој го дисциплинираше. И престана.
Тука се изгуби себеси.
Времиња.
Морам да признаам своевремено беше паметно дете, мило, имаше добра перцепција. Ветуваше.
Но, некаде измеѓу му се случи курцшлус во главата.
Сега веќе му нема спас.
Се` ти е простено од мене, чедо божје.
Секој погрден збор.
Длабоко во себе, секогаш ќе ме обожаваш ❤ Пошто јас имам дух по кој многу вечери мечтаеше.
Амин.“