Голем шопинг фестивал во трговскиот центар Палма Мол, Тетово

Од денес Среда 04.09 па се до 10.09 голема шопинг еуфорија во трговскиот Палма Мол во Тетово.

 Шопинг фестивал со неверојатни попусти до – 70%, промоции, гратиси, награди и многу забава! Сите посетители ќе имаат можност да купуваат се што им е потребно за себе и нивниот дом по најниски цени со огромни попусти и можност за награди и гратиси.

 Овој настан изобилува со уште многу изненадувања и забава како и за постарите така и за најмладите.

“Палма Мол е трговски кој ги следи сите светски трендови и им овозможува секаков тип на акции на посетителите. Се разбира на барање на нашите закупци како и на уште поголемо барање на посетителите кои овој период од годината се најмногу расположени за шопинг , одлучивме да ги изненадиме со бомбастични попусти и многу забава.” – изјавија од трговскиот.

Овој Шопинг фестивал е вистинско уживање за сите. Попустите се присутни во секоја дејност,  од промо пакети во одделот за храна, облека, козметика, обувки, накит, школски прибор па се до мебел, електрични апарати и останато.

Ве очекуваме на купување од соништата!

Повеќе информации на:

Facebook 

Инстаграм

Ексклузивна акција на градежната компанија „Бортас“ – 7 недели, 7% попуст

Градежната компанија „Бортас“ денеска почнува промотивна акција за мали станови во Riverview Residence, една од најубавите згради на новата атрактивна скопска локација Криви Дол, со цел на своите купувачи да им помогне полесно да дојдат до нов дом и да почнат нова приказна.

Единствено во следните 7 недели (11.09 - 30.10.2019) „Бортас“ нуди 7% попуст на мали станови со квадратура од 30 до 50 м2. Со оваа акција секој поединец што сака да почне самостоен живот има можност за избор на стан со функционален распоред и квалитетна градба по промотивна цена од 990 до 1090 евра за m2. Во целиот процес на купопродажба тимот на „Бортас“ нуди и помош при избор на соодветен станбен кредит согласно потребите на секој клиент и поддршка во целиот процес на апликација.

Објектот Riverview Residence се наоѓа покрај кејот на реката Вардар, во непосредна близина на Градскиот парк, изолиран од метеж и опкружен со зеленило, a на само 3 км од центарот на градот. Објектот е изграден според најновите стандарди за модерно и урбано живеење и нуди одлични услови за здрав живот и рекреација. Изградбата на објектот е со висококвaлитетни материјали и опрема, термичка и звучна изолација, енергетска ефикасност од А-класа со индивидуален систем на греење и вграден клима-уред во секој стан.

Една од главните придобивки на локацијата на Riverview Residence е тоа што е во непосредната близина на Градскиот парк, што овозможува мирна и опуштена атмосфера, чист воздух и отворен простор за уживање во секој дел од денот.

Објектот Riverview Residence е најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 29-годишна традиција и искуство во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности.

За подетални информации за акцијата „7 недели, 7% попуст”, посетете ја веб-страницата bortas.com.mk или контактирајте го тимот на „Бортас“ на телефонскиот број +389 2 32 27 625.

Една од најголемите авиокомпании во светот регрутира кандидати од Македонија

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, и една од топ 5 најголеми авиокомании во светот, Saudia Airlines, објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија. Saudia Airlines, која во 2017 година е избрана за „Најподобрената авиокомпанија“, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим.

Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени.

Погледнете повеќе на следниот линк: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/389594/Flight-Attendants/ и доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 16 септември 2019 на [email protected] приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс по англиски, скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Saudia Airlines, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до 16. септември на е-маил: [email protected]

Saudia Airlines се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.

Популарно