Лифт во зграда во Карпош 4 со четворица станари се откачил и паднал

Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата. Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден. Станува збор за нова зграда, која сѐ уште нема технички прием, но неколку станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, дознава „СДК.МК“.

Според извори за „СДК.мк“, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја, а станарите велат дека случајот е пријавен во полиција.

 Од Општина Карпош за порталот велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола.  Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно