ФОТО: Елена Миленковска ќе биде српска снаа

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ не само што носи можност за убава промоција и започнување на кариера, туку може да и донесе нови пријателства и љубов. Имено, таква љубов и се случи и на македонската кандидатка Елена Миленковска. Елена имавме прилика да ја гледаме во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Ана Бекута.

Учеството не и донесе влез во финале, но и донесе љубов. Како што веќе неколку пати пишувавме Миленковска е во љубовна врска со исто така учесник од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Гуте Маринковиќ.

Тие врската ја започнаа по завршувањето на музичкото шоу, а неодамна Гуте ја побара Елена за сопруга. На нејзиниот роденден, Елена доби свршенички прстен и брачна понуда, а на својот Гуте му кажа „да“.

Инаку, Гуте е од Србија и работи како воспитувач. Тој исто така се натпреваруваше во музичкото шоу, а неколку пати од емотивната соба го подржуваше токму Елена.

Миленковска ќе биде српска снаа, а ова се нејзините свекор и свекрва, односно родителите на нејзиниот иден сопруг.

Инаку, наскоро започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а Миленковска преку социјалните мрежи најави дека повторно ќе учествува.

(Видео) Прекрасен огномет во чест на малиот Жељко: Цеца заплака од среќа

Откако даде изјава во бел костум, новопечената баба Цеца Ражнатовиќ се преслече во фармерки и бела маица, а потоа излезе со гостите.

Недалеку од нејзината куќа, имаше прекрасен огномет во чест на внукот на пејачката. Цеца со восхит погледна на небото, а потоа заплака.

– Малку се разнежнив. Тоа е нормално, веќе ме стигна. Овие се солзи радосници – изјави Цеца.

Видеото може да го погледнете а следниот ЛИНК

Еве колку пари родителите на Богдана ќе подарат на нивниот внук

Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана вчера се породи и на свет го донесе синот Жељко. Родителите на Богдана, Даниел и Богдан одлучиле на првиот внук да подарат 10 000 евра.

Бабата и дедото ќе уплатат на сметка на внукот, а тој со тие пари ќе може да располага кога ќе биде полнолетен.

„Родиќ се познати по тоа што се многу вредни и чесни луѓе, соседите од Тител имаат само убави зборови за нив. Од утро до вечер се посветени на работата, секојдневено се занимаваат со фармата за пилиња и ги продаваат на пазар. Нивниот труд се исплати, па успеајаа да заработат пари кои паметно ги трошат. Кога Богдана остана бремена долго време размислуваа што да подарат на бебето. По разговор, одлучија дека пари е најдобар подарок“, вели добро известен извор.

Тој беше голема љубов на Цеца: Легенда на Ц. Звезда преживеа инфаркт!

Владан Лукиќ, легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, а потоа и претседател на клубот доживеал тежок инфаркт.

Лукиќ бил примен во болница, каде што успешно беше опериран и му беше вграден стент. Членот на познатата златна генерација на Ц. Звезда од 1991 година се повлече од јавноста откако замина од белградскот тим во 2012 година.

Јавноста по долго време на крајот на минатата година го виде во јавност со сопругата Ирена и тоа на свадба на Вељко Ражњатовиќ и Богдана Родиќ.

Медиумите сепак дознаа дека Владан и Цеца биле во врска пред неговото испраќање во војска во јуни 1990 година. Медиумите подоцна дознаа дека парот се верил и чекале свадба, но судбината потоа ги разделила.

Популарно