Локална појава на нестабилност – МОЖНА појава на град

Денеска ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено југозапад, а потоа и на запад, а можна е и во југоисточните предели од државава.

Локално, има услови нестабилноста да биде поизразена проследена со електрични празнења како и со услови за појава на град. Во случај на појава на електрични празнења, ги предупредуваме граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 27 степени.

Во недела претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди

Денеска не очекува променливо облачно  време со сончеви периоди. На места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ=6

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени.

До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст

Облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Деенска не очекува претежно облачно, посвежо и нестабилно време  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и особено од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=6

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени.

Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи

Популарно