Заев: Рекет води кај Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дека немало договор на лидерската зошто тој се плашел од рекет и бил нервозен за случајот.

- „Секој пат стојам принципиелно зад системи и создадени вредности, секој пат стојам. Не е важен ниту еден поединец, Вилма Рускоска води сериозни предмети. Немојте да дозволите зошто му паднало на памет на Заев и Мицкоски да се смени обвинителот, не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат, не истрагата треба да тера до крај", рече Заев на новинарско прашање.

Вели ако опозицијата сака да предложи обвинител тоа е во ред, на крајот зборот го има Собранието.

- „Предметот Рекет води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се", вели Заев.

За потсетување, средбата која траеше 7 часа заврши без договор.

Cyдот реши: Дали Боки 13 и Кичеец изглегуваат од Шутка?

Судот им го продолжи притворот за уште 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се осомничени во случајот „Рекет“.

„Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје денеска постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена“, соопшти кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Јовановски и Милески се во притвор од 16 јули. Ти се осомничени за примање поткуп и перење пари во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

ФОТО: Училишните дворови преплавени со расфрлани летоци со македонската химна

Расфрлани летоци по основните училишта со македонските химни.

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели.

Имено откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

По острата реакција на јавноста денеска во неколку основни училишта во Скопје беа расфрлени летоци со македонската химна, алудирајќи на властите да не ја забрануваат химната во училиштата, особено на првачињата кои за прв пат ќе се сретнат со неа.

(ВИДЕО) Заев: На референдумот излегоа 64% од граѓаните на Македонија!

Ваква дилема фрли изјавата на Заев кој рече оти бил сигурен дека 64 отсто од присутните граѓани во земјава излегле да гласаат на редерендумот минатата година. За ова премиерот се потпира и на истражување на институтот ИФИМЕС чии анализи, според првиот човек на Владата, биле регионално релевантни.

„Јас верувам дека 64 проценти од тие што биле во државава гласале на референдумот“, рече Заев.

Популарно