ФОТО: Потресна приказна на родител на настраданите деца во Русија

Во Русија пред неколку години беа погребани четворица млади луѓе,сите руски весници пишуваа за тоа.

Беше недела, 10 часот наутро, во едно семејство таткото кажа: Сине, оди во црква, а синот му одговори: Татко, застани, уморен сум од твоето зборување за Бога. Тој излезе на улицата, каде го чекаше еден пријател.

Во тоа време, таткото излезе и му кажа: Сине почекај една минута, сакам да се помолам на Бога да биде со тебе. На задното седиште на автомобилот имаше две девојчиња од 17 години. Тогаш синот му кажа на својот татко:

Гледај, тато, ги имаме полнето сите седишта во автомобилот, за твојот Бог има место само во багажникот.

Целото друштво се смееше весело, и тие се упатија накај езерото. Јас сум поранешен истражител, но не можам да замислам каква беше несреќата што се случи таму. Само можам да кажам дека не треба да се исмева Бог.

Тие премногу брзо возеа. Одеднаш на најблиската раскрсница пролетаа на црвено светло и на нив налета од спротивната страна огромен камион.

Кога камион удри во нив, багажникот во кој го сместија Бога беше отсечен од автомобилот и остана без огреботина, а сите млади луѓе во автомобилот беа смртно повредени и починати на самото место.

Така е во нашите животи го ставаме Бога во багажникот а ние летаме некаде за нешто. Бог нема место во багажникот туку во нашите срца.

ВИДЕО: Чудовиште кое живеело во канализација им влегло дома преку шољата

Чудовиште долго два метра искочило од веце шољата во домот на 25 годишниот Зула Ханифа во Малезија.

Зула, кој го снимил и објавил ова видео вели дека во купатилото немало никаде пукнатина, па единствено од каде можело да се појави е канализацијата. Да биде уште почудно, тој не е сигурен дали ова е змија или не. Сепак го уловил и го пуштил во најблиското мочуриште.

ФОТО: Турчин брутално ја претепа манекенката Тања, а сега дојде во нејзината земја

Тања Ѓукиќ стравува за семејството од насилното момче, додека тој тврди дека ја запросил девојката во Нови Сад.

Манекенката Тања Ѓукиќ, која во јуни оваа година ѕверски беше претепана од поранешното момче, Турчниот Чагри Тортоп, повторно е во страв. Само што успеа да ги победи стравовите кои во неа останале онаа ноќе кога била претепана и продолжила со кериерата, нејзиното момче Чагри одлучило да дојде во Србија, од каде објавува фотографии.

-Дошол во Србија, објавува фотографии и докажува дека никој не му може ништо. Во нашата земја доаѓаше само неколку пати со мене, ништо друго не го врзуваше за Србија. Стравувам за семејството. Тој знае каде живеат, им се заканувал и на нив. Во шок сум, тој е психопат и само тој знае што е во неговата болна глава - рекла Тања, која се надева дека ваквиот негов потег е само провокација.

Меѓутоа, таа вели дека за секој случај го предупредила семејството, особено сестра ѝ, за се што се случува.

-Преку пријателите ми испрати порака дека ќе се жали што правам шоу во неговата држава. А, јас на ништо не му пркосам, живеам нормално, работам не провоцирам. Јас живеам во Турција седум години, а него го запознав пред 3, така што мојот престој овде нема врска со него. Ѝ се јавив на сестра ми да не оди на училиште и да не излегува, не дај Боже преку неа да ми се одмазди. Може планира некој и мене да ми испрати додека тој е во Србија, па да изгледа дека нема врска со тоа - рекла Тања.

-Човекот е сериозно болен и многу интелигентен, така што се плашам од се што смислил - вели манекенката.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од Нови Сад со рака на девојка на која има прстен, а во опис пишува „Да, те сакам“.

Вработена од пекара открила што се случува во работилниците

Милана која е вработена во пекара во Србија открила застрашувачка вистина која се случува во кујните на пекарите и скапоцените ресторани.

Имено, Милана и нејзиното поранешно момче долго време работеле како пекари во ресторани по Белград и Панчево, каде затекнувале неверојатни услови на кои се подготвуваат пекарите.

Таа рекла дека воопшто не е необично да се борат со бубашваби и глувци на места каде се подготвува храна, односно дека сопствениците на овие објекти не внимаваат на хигиенските услови додека добро им оди продажбата.

Милана своето искуство го пренела и на студентите на сите белградски универзитети, кои се бунеле на квалитетот на храната во мензите, односно сакала да им доближи зошто е тоа така.

-Трпеливо молчев досега, но не можам, морам да искоментирам нешто во врска со оваа критика на сметка на мензите. Имав задволство да работам еден период во пекари, заедно со моето момче кој беше готвач. Избегвме од таа индустрија и тоа поради ова:

Буреците и пиците од 50 денари кои ги купувате во пекарите главно се произведуваат во простории по има бубашваби, а се наожа и по некој глуше. Работев во пекара во која додека правиш сендивч ти влезе купувач, мораш да го оставиш на пола и да го услужиш клиентот, а кога ќе се вратиш врз сендвичо шетаат бубашваби“, рекла Миалана.

Секој леб или кифла што ќе падне на под уредно се враќа на полица. Печурките на пицата никогаш не се мијат пред употреба. Таму каде што има брашно има и бубашваби, а езинскецијата тука не помага многу,. Не сте свесни што јадете“, рекла Милана.

Популарно