ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

Полицијата пронашла семејство кое 9 години живеело во подрум

Полицијата, која дошла на повик, пронашла 7 члено семејство заклучени во подрум на изолирана фарма во близина на селото Руинерволд во провинцијата Дренте, на северот на Холандија.

Според нив, пронајдени се шест млади луѓе на возраст меѓу 18 и 25 години и нивниот заболен татко, кои во последните девет години немале никаков контакт со надворешниот свет и чекале да дојде крајот на светот.

Педесет и осумгодишниот маж бил уапсен на фармата, но неговата улога во целиот случај сè уште не е позната.

– Колку што знаеме, нивната мајка починала пред да дојдат на фармата. Полицијата откри импровизирани простории во кои живееше семејството, рекоа официјалните лица.

Сепак, не се исклучува можност мајката да е убиена и закопана во дворот.

Семејството било  пронајдено откако еден од младите мажи (25) избегал и побарал помош од блиското кафе. Тој бил запуштен со долга коса и рекол дека не одел во училиште.

ФОТО: Позната е како „хорор Анџелина Џоли“- погледнете зошто

„Можеби не ја знаете по име и по презиме, но нејзиниот лик сигурно го имате видено.

Но дали сте виделе како таа изгледа без шминка?

Се шпекулира дека има направено преку 50 операции.

Многумина ја нарекуваат „Хорор Анџелина Џоли“.

Инаку, Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно.

Се прослави на Инстаграм минатата година, откако објави серија на фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции. Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.

ЧОВЕК ЗМЕЈ: Потрошил 60. илјади фунди на операции!

Тијамат Лизон Медуза потрошил најмалку 61.000 фунти на пластични операции и целосна промена во неговото тело.

Сепак, ова не е само обична опсесија со пластична операција за зголемување на градите, намалување на усните и носот … Тијамат потрошил богатство на отстранување на ушите, разделување на јазикот и многу повеќе, само за да стане влекач.

Тој чека повеќе операции, а во тек се планови лекарите да му го отстранат пенисот, како и сите тетоважи што ги направил досега, пишува британски „Metro“.

Многумина мислат дека луѓето кои минуваат низ вакви модификации на своето тело, постојат само во научно-фантастичните филмови и дека се губитници, валкани и глупави“, рекол Тијамат.

Тој додал дека додека бил „човек“, работел во финансиска институција на местото заменик претседател.

На првата операција вградил рогови

Тој додал дека во детството претрпел злоупотреба од своето семејството, а на 11-годишна возраст признал дека е геј и имал желба да го смени полот.

На крајот, тој реши да се „ослободи од своите родови права“ и да стане она што е денес.

Тој отишол на својата прва пластична операција во 1979. година, инсталирајќи рогови за 330 фунти. Тој беил петтиот човек во светот што се решил за оваа операција.

Досега има инсталирано 18 импланти, рогови, ги отстранил двете уши, делумно го оперирал носот, извадил 32 заби. Лекарите, исто така, го поделиле неговиот јазик на два дела.

Тој вели дека луѓето реагираат различно кога ќе го видат, дека има и такви што се плашат и го избегнуваат, но и оние кои бараат да бидат фотографирани со него.

Популарно