Следуваат врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Т-мин. од 8 до 15 а т-макс. од 20 до 28 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Променливо облачно со локален дожд и грмежи

Денеска претпладне и околу пладне  времето во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра

Променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд

Денеска  претпладне не очекува   променливо облачно  време со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје, претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе започне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период

Претпладне сончево , а попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска претпладне не очекува  сончево време со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Популарно