Претежно сончево и свежо со ниски утрински температури

Денеска не очекува  претежно сончево и свежо со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а  дневната од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени

За време на викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер

Денеска не очекува  стабилно и претежно сончево време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткорајно ќе засилува. Утрото ќе биде студено и минималната температура ќе се движи од минус 4 до 5, додека дневната ќе се искачи од 8 до 20 степени

Во Скопје, слично време со утринска температура до нула и дневна до 18 степени.

Сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови ќе се задржи пооблачно време

Денеска не очекува  сончево време со мала до умерена облачност, во јужните делови пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 7 до 17 степени.

Во Скопје сончево, со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег

Денеска  не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 0 до  6, а дневната од   4 до 12 степени. Во Скопје, , максимална температура до 10 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Популарно