Видео: Малиов ги „растури“

Симпатично видео е објавено  на социјалните мрежи, на кое едно момче кое уште од најрана возраст го покажува својот талент за музиката-удирање на тапани. Погледете го видеото кое веруваме дека ќе ве воодушеви.

 

Bateri çalan ufaklığın elinin "uf"' olması ve babasının imdadına yetişmesi ☺️💙 Kaynak: @theomagoo | Instagram

Posted by Ateşböceği Yolu on Wednesday, September 4, 2019

(Видео) Црногорец си го скрши автомобилот, па Србин го теши!

Еден Црногорец стана вистински хит на социјалните мрежи откако почна да се споделува снимката. Возачот на Ауди снимал со телефон во текот на возењето и не видел дека колоната стои, па се удрил во Опелот, кој сопственикот штотуку го купил.

Мажот веднаш истрча од Аудито и му пријде на човекот од Опелот, кој плачеше неутешно покрај Опелот. „Дали си добро брате? Не видов ништо…“, се правдаше човекот.

Меѓутоа, возачот на Опелот не кажа ништо туку клекна покрај возилото и почна да плаче, откако кажа дека сега го купил возилото.

Видеото од целиот инцидент може да го погледнете ТУКА.

(Видео) Сандра Африка се појави во ресторан и сите ги збудале со својот задник

Српските медиуми заминаа на роденденот на пејачката Александра Младеновиќ. Во еден ресторан ги сретнале и Јана и Сандра Африка кои не беа повикани на роденденот, но и покрај тоа го украдоа вниманието на присутните.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sandra Afrika (@sandraafrika) on

Додека сите уживаа во кафето и пицата, Сандра во еден момент стана од столчето да се намести за наргилето, па нејзиниот совршено задник и фигура дојдоа до израз, а никој не можеше да одоле на сцената.

За тоа како изгледаше целата сцена може да погледнете ТУКА.

ВИДЕО: Службеничка од Министерството за финансии е хит на социјалните мрежи

Несоодветно однесување на службениците, нема само во МВР.. На социјалните мрежи деновиве хит е вработена во Министерството за финансии која во канцеларија ги покажа своите танцувачки способности, пренесува Канал 5.

Видео од вработена во министерството за финансии стана хит на социјалните мрежи. На видеото се гледа како во канцеларија ги покажува своите танцувачки способности преку видео на социјалната патформа Тик Ток.

Видеото направи вистински бум на социјалните мрежи, најмногу поради фактот што е снимено токму во просториите на министерството.

Вработената преку ФБ статус експресно се извини за видеата и правдаше дека тие се снимени минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.

„Јавно се извинувам доколку ја ставив во несоодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, исто така сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.“, напиша службеничката на ФБ.

Од финансии велат дека се разочарани од ваквото однесување на вработената, со неа е направен разговор и ќе бидат преземени мерки.

„ Навистина сме разочарани што ова фрла сенка на колегите од кризниот штаб кои деноноќно посветено и пожртвувано работеа за надминување на кризата.“, велат од финансии.

Извор: https://libertas.mk/

Популарно