Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а  дневната од 18 до 27 степени. Во Скопје yтринската температура ќе се спушти до 7, а дневната максимална ќе биде до 25 степени.

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува  сончево време  со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температур аќе се движи од 19 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник

Променливо облачно со повремено засилен јужен ветер

Во текот на денот не очекува променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер. Преку денот ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а претежно попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.

Претпладне сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец

Денеска не очекува  сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.</p>

Во сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Популарно