Вакви ќе бидат правилата за наградната игра „МојДДВ Моја Награда“

Скоро 150 илјади граѓани месечно активно скенираат 7,5 милиони сметки а првата исплата според најавите на МФ на нивни сметки ќе легне во декември. Засега задоволни од резултатите надлежните решија да ја унапредат мерката која според нив дала резултати.

Интересот на граѓаните е и причина поради кои на крајот на ноември ќе стартува наградна игра со која ќе се освојуваат парични награди.

Со фонд од 31 милион денари министерството за финансии ќе доделува парични награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво.

Условот да бидете дел од наградната игра е да барате задолжително сметки а потоа да ги скенирате.

Царовска: Повеќе од 300.000 граѓани сега земаат плата повисока од 18.000 денари

Заедно со работодавачите, работниците, синдикатите и стопанските комори заеднички донесовме одлука дека економијата сега може да издржи минимална плата од 14.500 денари и тоа сега се случува, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на програмската трибина Агенда Социјална заштита што денеска се одржува во Штип.

-Со години имавме една група на граѓани којашто со години се држеше на ниски примања посебно овде во источниот регион а тоа беше поради тоа што претходната влада ја промовираше државата како земја на евтина работна сила. Денес тоа е променето, ако ја видите структурата на плати ќе видите дека денес повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари, посочи Царовска.

Паралелно со растот на минималната плата на 14.500 денари донесовме закон со кој на сите работодавачи кои сакаат да ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари, државата ќе ги субвенционира придонесите и тоа дополнително влијае на раст на платите во државата, заклучи Царовска.

По Заев и Царовска се пофали дека платите пораснале

Вицепремиерката за економски прашања,  Мила Царовска вели дека на платата за месец декември имаме покачување кај над 106 илјади вработени. 

Така е постогнат таргетот помеѓу 20 и 25 проценти од вработените во реалниот сектор да добијат зголемување на плати од 600 до 6.000 денари. Ова е врз основа на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати.

„Месечната сума на издвоени средства од Буџетот за оваа мерка, што директно се трансферираат во фондовите за здравствено и пензиско е 200 милиони. За декемвриската плата се исплатени нешто повеќе од 150 милиони, што значи дека сè уште имаме можност за вклучување на  работници во буџетските рамки“, рече Царовска.

За 2,5 години се вработиле 60 илјади луѓе во Македонија, соопшти Царовска месецов.

Деновиве и екс премиерот Зоран Заев се пофали дека  растат платите во Македонија и дека сме на прав пат. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, во Македонија изнесува 25.787 денари. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани има раст. 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека платите во Македонија растат со најниска стапка во регионот. Словенија е лидер во регионот, и кај нив од неодамна има скок на платите. 

По околу 8.000 денари месечно за уште 1.000 невработени

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Собранието ги изгласа најновите измени и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Законот стапува на сила со негово објавување во Службен везник, а стечајните работници веќе од петок ќе можат да поднесат барање во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надоместок од околу 8.000 денари.

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширу на уште 1.000 лица со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајќи ќе изнесува 12.000.

Според новото законско решение, невработено лице може да се стекне со правото на паричен надоместок доколку ги исполнува следните услови: да е невработено; работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци; на денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж) и работниот однос му престанал во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

Популарно