Градоначалникот Богдановиќ прв во акцијата за чистење на спомениците од НОБ

Во пресрет на големиот македонски празник, Денот на македонското востание против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, 11 Октомври, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, организираше чистење на спомениците на негова територија, од периодот на НОБ.

,,Независната и самостојна држава е врвна цел на секоја нација.

Спомените за Народно-ослободителната борба ќе продолжат да живеат во секој од нас.

Им благодарам од сѐ срце на сите што беа дел од оваа мала, но и тоа како корисна акција за чистење на бистите и спомениците на хероите од НОБ“-вели Богдановиќ.

Ако „Медена земја“ ја добие наградата ќе донесе најмногу пари

Обложувалница „Моцарт“ ги објави квотите за овогодинешниот Оскар. Оваа година настанот е посебно интересен и за македонската јавност затоа што за првпат имаме филм кој е номиниран во две категории.

Откако во 1995 година филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски не успеа да го добие Оскарот, оваа година се надеваме на историски успех со „Медена земја“ (Honeyland) кој е номиниран за престижната награда во две категории: најдобар документарен филм и најдобар странски филм (квота 25). Најголема конкуренција на нашиот филм во трката за главната награда е јужнокорејскиот „Паразит“ кој ги освои речиси сите награди во Азија, а квотата за да земе Оскар е 1.05!

Во најинтересната конкуренција за најдобар филм борбата ќе биде голема. „Џокер“ (квота 8.00) има најмногу номинации – 11, но под квотите на обложувалницата во категоријата најдобар филм е остварувањето на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, во кој улогите ги толкуваат Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Според Моцарт и букмејкерите, најблиску до признанието е филмот 1917 (квота 3.00), односно за вложени 1.000 денари, доколку овој филм ја освои златната статуетка, исплатата е 3.000 денари.

Во пролет ќе стигнат нови животни - во крајна фаза е изградбата на живеалиштата за фламингата и пингвините

Нови животни оваа пролет ќе пристигнат во Зоолошката градина. Станува збор за фламинго и за пингвини. 

Нивните живеалишта се уште се во изградба, меѓутоа се во завршна фаза, 

Живеалиштето за фламингото треба да е готово до март, а веќе во април се очекува да пристигнат и пингвините. 

Од Зоолошката градина сметаат дека претходната година била многу успешна со реализирани многу нови проекти, а очекуваат 2020 да биде уште подобра. 

Заев: Ја зголемивме минималната плата за 5.500 денари

Над 35 милиони евра државна помош се доделени на 200 приватни компании. На 45.000 вработени минатиот месец покачена им е платата преку мерката за субвенционирање на придонесите.

Ова вечерва го напиша Заев на Фејсбук.

- За 5.500 денари е зголемена минималната плата од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ. За СДСМ сите граѓани се важни. Граѓаните ги препознаваат политиките кои значат подобра иднина за сите, напиша тој.

Популарно