ФОТО: Македонската пејачка ја покажа својата ќерка

Македонската пејачка Сара Костадиновска - Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Андоновски, пред една година се остварија во улогата на родители и ја добија малата Илина.

Пејачката, како горда мајка, покажа фотографии од Илина, на кои таа е одлично стилизирана. Погледнете и сами проценете на кој повеќе личи:

ФОТО: Индира ги изненади сите на Инстаграм со новата фотографија

Хрватската пејачка Индира Левак објави фотографија на која рацете ѝ се врзани со ланци, а објаснила и зошто е тоа така.

Некогашната членка на групата „Колонија“ објаснила дека рацете ѝ ги врзал сопругот Мирослав, за кој се омажи во јуни 2014 година. Таа на Инстаграм позираше во теретана и кратко порача:

„Кога сопругот ќе те врзе во теретана, се прашуваш која е причината?“, напишала таа и ставила емотикон кој се смее.

ФОТО: Татјана Лазаревска со полна трпеза го угости Мартин Вучиќ во Австралија

Од 17-ти до 24-ти ноември во Мелбурн, Канбера и во Сиднеј, по повод 70-годишнината од постоењето, ансамблот „Танец“ гостува во Австралија.

На чело на членовите на Националната установа е директорот Мартин Вучиќ, кој по пристигнувањето се упати на австралиско-македонска адреса каде го угостија со полна трпеза.

Во Австралија кај и да си, кај естрадното брачно дуо Татјана и Новица мора да си! Кај нив, за секој Македонец вратата е отворена, а особено за колегите од музичката фела кои редовно ги посетуваат кога се на турнеја.

Директорот Вучиќ заедно со колегата Бубе од „Форуна“ направија и една фотографија за спомен од посетата и убавата дружба кај Тања, а таа по пракса ја објави фотографијата на својот Инстаграм опишувајќи ја со зборовите:

-Моите драгоцени гости и колеги од Македонија, пишува Лазаревска.

Инаку, неодамна на гости кај Новица и Татјана беа и Благица Павловска и Маријана Новачевска.

Фото-спомен имаше и тогаш, а веруваме дека албумот со македонски гости во Австралија на пејачката е доста богат!

ФОТО: Професионално ги започнаа подготовките за вториот круг со Вики Миљковиќ

Како и минатата сезона така и во оваа во „Ѕвездите на Гранд“ има и македонски претставници. Правилата во музичкото шоу остануваат речиси исти, со некои мали измени. Па така, членовите на жирито имаат и улога на ментори. Менторите заедно со своите екипи и соработници ги подготвуваат кандидатите за следните кругови.

Оваа сезона, има и мала измена. Односно, наместо продукцијата, има и гост – ментор кој гостува само една емисија и може да одбере некој кандидат, а во таква улога ќе ја видиме и македонската пејачката Тијана Дапчевиќ.

Како и во минатите сезони, така и оваа година, без исклучок,  во музичкото шоу има македонски претставници, а меѓу нив Стефан Виличковски, Марио Арангеловски, Александра Темелков, Гоце Бошковски и многу други. Од сите нив, Александар Темелков и Гоце Бошковски за свој ментор ја одбраа пејачката Вики Миљковиќ.

Вики Миљковиќ и нејзината екипа започнаа со подготвките на нејзините кандидати, бидејќи наскоро започнува вториот круг на музичкото шоу. Имено, Александар и Гоце се најдоа во студиото на Миљковиќ каде ги бираат песните за следниот круг, работат на грешките, интерпретација и целосниот настап.

Исто така, и  Гоце Бошковски сподели дел од атмосферата во студиото на Миљковиќ.

Инаку, добро е познато дека српската пејачка целосно е посветена на своите кандидати и има ангажирано цела екипа, односно шминкер, фризер, стилист, психолог кои професионално и посветено работат сите заедно.

Вики, навистина се труди да ги спреми своите кандидати во секој поглед, а како ќе поминат ќе видиме наскоро.

Популарно