„Ла верита“: Венециската комисија ќе го сопре Заев да го замени македонскиот јазик

По написите во „Ла верита“ летово за неспорните докази за корупција во Владата, во Македонија почнува да се урива ѕидот на прикривањата на делата и стравот што ја гушеше нацијата. Многу бизнисмени сe oхрабија да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, кој од ден на ден има сѐ поголеми потешкотии во однос на контролирање на настаните што се акумулираат на какафоничен начин, пишува италијанскиот весник по повод објавувањето на не сѐ уште неофицијалниот извештај на Венециската комисија за Законот за употребата на јазиците во Македонија.

Пренесуваме делови од овој напис на Ларис Гајзер:  

„Последниот удар на сега веќе речиси минималниот меѓународен углед на Зоран Заев доаѓа од извонредно демократската институција на стариот континент, од Венециската комисија. Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти од повеќе држави.

Среде корупцискиот скандал, Заев од Венециската комисија побара да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени Законот за двојазичност донесен во 2018. Со овој закон албанскиот стана еднаков со македонскиот јазик, иако албанскиот етникум е малцинство во државата. Овој закон ја зацврсти коалицијата со албанската партија ДУИ со која Заев успеа да дојде на власт во 2017. Но, токму тоа беше првиот чекор за социо-политичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името. Македонија да се направи и албанска држава... како начин за олеснување во спроведувањето на потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија. Ова сценарио, овие денови, со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач на обединувањето со Албанија, станува сѐ пореална стратешка опција во многу кабинети.

...Меѓународните експерти од Венециската комисија, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот Закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен. Венециската комисија, со оглед на тоа што Уставот на Македонија го гарантира правото за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадници на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека ако овој закон доследно се применува, тоа е повеќе од доволно за европските демократски стандарди. Во 30 од 80 општини во државата, вклучително и главниот град Скопје, албанскиот е веќе сега де јуре официјален јазик. Исто така, член 48 од Уставот ги гарантира сите политички, социјални и културни права за немнозинските заедници. Парадоксално, Венециската комисија, повикана од Заев со цел да го забетонира неговиот кредибилитет и да го потврди постоењето на владеење на правото во Македонија, го обвинува премиерот дека не го почитувал токму владеењето на правото, не земајќи го предвид широкиот опсег на уставноста, донесувајќи нов закон без соработка со опозицијата, односо по скратена постапка во Парламентот, без консулатција со граѓанското општество. Експертите, во точка 33 од извештајот, отворено го осудуваат ваквиот начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата. Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за јасност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно.

 Соочувајќи се со реалноста на фактите, Комисијата го отфрла изборот на Заев, поддржувач на отвореното општество протежирано од Џорџ Сорос. Венециската комисија всушност забележува дека е апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност, во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците, е малцинство. Како пример тие го земаа судскиот систем. Експертите го оценија законот како лудост што ќе го колабира судскиот системот, односно ќе доведе до исчезнување на минималните гаранции за владеење на правото.

За овој извештај да биде дефинитивен, односно јавен, требаше да биде разгледуван од претставници на Советот на Европа и на македонската влада на 10 октомври во Стразбург. Зоран Заев, во обид да го прикрие меѓународниот политички удар, и со цел да избегне криза во Владата со Албанците, забрани кој било македонски претставник да присуствува на состанокот во Стразбург“, пишува „Ла верита“.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно