Сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.. Утринската температура ќе се движи од 3 до 13, а  дневната од 22 до 30 степени

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми

Во текот на денешниот ден не очекува сончево време со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 0 и 10, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 10 до 19 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната температура до 15 степени.

Дел од Македонија ќе биде во ПОРТОКАЛОВА ФАЗА на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Денес поради влажниот бран кој ќе помине над нашата држава од Медитеранот, ќе услови нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). Локално ќе има услови и за нестабилна облачност проследена со пообилен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Со ова поголем дел од нашата држава влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека југоистокот ќе навлезе дури и во ПОРТОКАЛОВА ФАЗА на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ поради очекуваните врнежи. Иако се мали сепак не се исклучуваат условите за локални помали поплавувања што е нормално за наврнат позначителен воден талог за релативно кратко време. На високите планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе биде со посилен интензитет.

Потоа во четврток ќе имаме претежно стабилен и сув ден со сончеви периоди иако во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста а на исток има услови за слаб локален дожд. Навечер и во текот на ноќта кон петок повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во источната половина од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени што значи наутро и во ноќните часови ќе биде релативно студено, на високите и планински места температурите на воздухот ќе бидат уште пониски.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 денес додека утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а потоа ќе бележат тенденција барем засега на повторен незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот повторно од 9 до 17 степени.

Облачно со врнежи од дожд

Денеска времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2. Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 15 степени.Потоа следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.

Популарно