Утрото свежо, а преку денот топло

Времето денеска ќе биде  сончево,утрото свежо, а преку денот топло со слаб претежно североисточен ветер..  Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а  дневната од 22 до 29 степени

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла .Утринската температура ќе се движи од 2   до 10, а дневната температура од 11 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност .Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната температура до 18 степени.

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе се движи од  седум до 14, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.

Променливо облачно со утринска магла

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец. тринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 19 степени. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд

Популарно