Славчо Попоски со детална анализа: Суша и летни температури до 29°C

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и понатаму ќе се задржат многу високите температури на воздухот кај нас и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност а ќе биде и претежно тивко или само на не кои места ќе дува сосема слаб ветер од променлив правец.

Да напоменеме дека овие температури на воздухот се повисоки од нормалните дури за околу десет степени и секако топлото време лошо ќе се одрази врз граѓаните каде постои опасност од појава на вируси.

Понатамошната суша пак и понатаму доста лошо ќе се одразува врз земјоделските култури и посеви.

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Облачно со засилен северен ветер во источните делови

 Денеска на места ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 0, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд

Сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер

Денеска не очекува  сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 2, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во четврток и со засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува  сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринсакта температура ќе се движи од минус два до минус осум степени, а дневната температура од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд

Популарно