Марадона: Ништо нема да им оставам на децата, се ќе донирам!

Легендарниот Диего Армандо Марадона јавно влезе во конфликт со својата ќерка Џанина Марадона, која преку социјалните мрежи истакна дека нејзиниот татко умира. Него воопшто не му се допадна оваа изјава, односно,  тој тврдењата на Џанина ги отфрли, а притоа и испрати директна порака околу наследноство.

-Јас воопшто не умирам. Јас спијам мирно затоа што работам. Не знам што сакаше да каже Џанина. Знам дека сега, како што стареете, луѓето се грижат повеќе за тоа што ќе им оставите отколку за она што го правите. Им кажувам оти се ќе донирам. Се што имам спечалено ќе донирам. Не им оставам ништо, -порача Марадона.

Видео: Откриена „тајната“ на Барди

Еден од нашите најдобри фудбалери Eнис Барди ја игра третата сезона во Шпанија, Барди настапува  за екипата на Леванте.

Македонскиот интернационалец направи трансфер од Унгарија во Примера во 2017 година и се наметна како еден од подобрите поединци во клубот од Валенсија.

Во тековната сезона има запишано седум настапи, проследени со еден погодок во победата против Реал Сосиедад.

На шпанските медиуми денес се појави видео на кое се гледа како нашиот репрезентативец тренира и се подготвува за натпреварите и предизвиците во шпанската лига.

Сензација во салата Невена Ѓоргиева Дуња: Академија ФМП го победи Работнички

Академија ФМП му го нанесе првиот сезонски пораз на Работнички. Триумфираше со 87-83 во дуелот од петтото коло во домашниот кошаркарски шампионат и се погрижи да нема веќе непоразени екипи.

ФМП во третата четвртина која ја доби со 18-14 успеа да ја неутрализира предноста што во првото полувреме ја изгради Работнички, а во завршниот сегмент кој му припадна со 28-19  успеа да се избори за за првата победа во сезоната.

Даниел Начевски со 24 поени беше лидер во триумфот на ФМП, Лука Стојановски постигна 16 поени, а со 12 поени средбата ја заврши Роналд Харис. Кај Работнички, Данило Мијатовиќ имаше одлична партија со 37 поени, но не успеа да спречи пораз на неговиот тим.

Работнички останува на лидерската позиција на табелата со девет бода, колку што има и вотропласираниот МЗТ Скопје Аеродром. ФМП е претпоследен со шест бода.

Петтото коло во домашниот кошаркарски шампионат ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни дуелите меѓу МЗТ Скопје 2 и Еуроникел и Гостивар – Кожув.

Популарно