ФОТО: Македонецот Спејко со нов имиџ

Дарко Петковски Спејко победи во реалното шоу „Големиот брат“, па оваа година одлучи да учествува и во „Задруга3“ каде немаше многу среќа.

Она што е интересно е дека сега целосно го промени имиџот, односно ја скрати долгата коса и брадата. Со новиот изглед се пофали и на сцоијалните мрежи.

Погледнете го:

ФОТО: Инстаграм ја цензурираше сопругата на Ѓоковиќ поради 5Г

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се соочи со цензура на социјалнта мрежа Инстаграм.

Јелена објави видео од извесен американски доктор кој тврди дека во ширењето на коронавирусот придонела експанзијата на 5Г мрежата.

-Толку видеа кружат со денови, различни теории за причините за Корона, методологии за лечење, превенција... еве една која ја добив пред некој ден. Кој има време нека погледне. Баш ме интересира што интересира. Пишете, напиша сопругата на Новак Ѓоковиќ.

Инстаграм врз видеото постави предупредување „Fake news“, односно, „Лажна вест“.

ФОТО: Вељко пресреќен ја бакна Богдана во трудничкото меше

Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стане татко по прв пат, а радоста за тоа не ја крие ниту неговата мајка,  балканската фолк дива Цеца, која ќе стане баба.

Цеца на својот Инстаграм профил сподели со фановите фотографија која и и ја испратиле  Вељко и нејзината снаа Богдана.

Новопечената брачна двојка на фотографијата е во домашна атмосфера, во домот на Богдана во село Тител каде се во изолација, а Вељко е клекнат и го бакнува нејзиниот труднички стомак. Еден бакнеж, за двајца.. И за неа и нивното бебе!

Колку се среќни и со колку возбуда го чекаат бебето, јасно  кажува сликата што Вељко ја објави на својот Инстаграм со следниот опис.

„Се надевам дека и вие ја користите оваа прилика во карантинот за да поминете драгоцено време со вашите најблиски. Ви посакувам многу здравје“ – напишал синот на Цеца и иден татко на својот Инстаграм.

ФОТО: Јелена Карлеуша ја разреши мистеријата за коронавирусот

Пејачката Јелена Карлеуша овие денови во карантин одлучи се повеќе време да поминува со своите фанови дружејќи се преку социјалните мрежи.

Таа овие денови освен што ги полуди со топлес фотографиите, вчера реши буквално да ги шокира сите. Имено таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија со статус во кој пишува дека предвидува за 10 или 20 години сите да станат вегани.

-Корона, свински и птичји грип како и многу други смртоносни вируси не би постоеле да не јадеме животни. Моето предвидување е дека за 10 или 20 години луѓето ќе станат потполно вегани, вели таа.

Популарно