Погледнете кога ќе легнат првите пари од скенираните фискални

Мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е во полн ек, а средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија.

На Атиџе треба да и се дадат сандаци и опрема за производство на мед

Заев и врати на Ла Верита - немаа ништо против мене, инаку ќе ме уништеа

Ако имаа докази, и тоа како ќе ме осудеа. Тоа беше само начин за притисок врз мене, вака експремиерот Зоран Заев одговара на наводите кои денеска ги изнесе италијанскиот весник Ла Верита. По нивниот текст за негово учество во изборни нерегуларности во 2014 година, Зоран Заев вели дека тоа било една од алатките за атакување на него како опозиционер во тоа време, кога неговата партија не ги призна изборите. 

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев.

Засадени нови дрвца на Детската улица „Тоше Проески“

Во чест на Тоше Проески, а по повод 39-годишнината од неговото раѓање, Општина Аеродром ја разубави Детската улица во Ново Лисиче што го носи неговото име.

Имено, стотината жардинјери во должина на патеката се збогатени со нови зимзелени и грмушести садници. На тој начин, велат од општината, граѓаните ќе уживаат во прекрасното место за прошетка, одмор и релаксацијa.

Популарно