Наставничка по географија од едно скопско основно училиште тргувала со човечки органи

Наставничка по географија од едно скопско основно училиште самата во полиција се пријавила дека препродава органи, дека откопува гробови и дека преработува месо од починати во ќебапи.

Ваква службена белешка надлежниот полициски службеник од единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднел во полициската станица во Чаир на 22ри, минатиот месец.

Во службената белешка до која Press24 стигна преку свои извори во полицијата стои дека истиот ден, околу 10 часот наутро во полициската станица во Чаир дошла жена, чиј идентитет нема да го откриеме, но и е познат на редакцијата и  почнала да зборува нелогични работи.

„Од моја страна беше прашана за што сака да разговара при што истата појасни дека работи како наставник по географија и дека сака да појасни дека истата потекнува од индијанско племе од Невада и дека како мала е донесена од нејзиниот сегашен татко кој е човеколик мајмун и заедно со директорот на училиштето во кое што работи, кој исто така е човеколики мајмун се занимаваат со разни кривични дела (продавање на органи, откопување на мртви од гробишта и преработка на месото во ќебапчиња, организирање на атентати по нарачка и прикривање на лица кои се водат умрени а сеиви, за што наведе пример дека Тоше Проески го кријат во училиштето каде го претставуваат како ... и работи како наставник по физичко.“ стои меѓу другото во записникот.

По ова, полицискиот службеник ја прашал наставничката која има близу 50 години дали е при здрава свест и дали има проблеми со здравјето по што таа појаснила дека Нема никакви проблеми со здравјето.

По ова, надлежниот полициски службеник констатирал дека таа не пријавува кривични дела од неговата област на имотни деликти, го повикал сменоводителот и му го препуштил случајот.

И целата приказна ќе изгледаше неверојатна, ако нашиот извор не ни ја доставеше и службената белешка за овој разговор.

Каков епилог имал овој случај немаме се уште информација, па не можеме да потврдиме дали споменатата наставничка навистина е вклучена во образовниот процес и доколку е, какво знаење им пренесува на децата.

Од друга страна, ваквите случаи само покажуваат дека не е лесна ниту работата на полицијата, која мора да се справува и со вакви случаи.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно