Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести

Фактор дознава дека бројките на новозаболени во изминатово деноноќие ќе бидат отприлика идентични како во текот на вчерашниот ден.

Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести.

Како што е познато, вчера беа регистрирани 180 новозаболени од коронавирусот, што е најголем рекорд откако изби епидемијата на КОВИД-19 во земјава. Од нив, 106 лица беа во главниот град Скопје. 

Во податоците што ги објави Институтот за јавно здравје се наведува и дека се чекаа резултати за 24 лица, што значи дека и тие можат да влезат во категоријата новозаболени ако се докаже дека се позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека можно е од понеделник повторно да нема полициски час, откако ќе заврши овој карантински викенд, но за тоа изрази резерва, нагласувајќи дека ќе мора да се изјасни и Комисијата за заразни болести, која ќе заседава утре или во понеделник наутро.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако вирусот слабее, зошто народот се држи затворен 3 дена?

Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, зошто тогаш го држат народот затворен три дена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за здравство изјави дека вирусот слабее и дека најголемиот дел од новите случаи се шират во познати кластери.

„Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Бројката на новозаболени со Ковид 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија. Додека луѓе умираат секојдневно, Филипче и Заев ни велат не умираат“, велат од ДПМНЕ на Мицкоски.

Од таму истакнуваат дека потребно е масовно тестирање и скрининг на ризичните групи, меѓу кои и здравствените работници.

Вработен во агенција за поддршка на земјоделието позитивен на КОВИД 19

Еден вработен во агенцијата за финасиска поддршка во земјоделие неделава е дијагностициран за позитивен на корона вирус. Претходно по Рамазан Бајрам дошол на работа и колегите ги почастил баклава, велат вработени од агенцијата за zase.mk. 

Тие испаничени барале директорот да превземе нешто или да се изолираат, но тој им рекол да не се шири информацијата и не им дозволил да се самоизолираат. Сите членови на семејство на заболениот биле позитивни на КОВИД 19, а нажалост татко му починал пред два дена.

Вработените во агенцијата за zase.mk велат дека никој не превзема никакви мерки за да се зачува нивното здравје. Според нив додека трае корона кризата ниту еднаш не била направена темелна дезинфекција во агенцијата, а од понеделникот се вратени сите на работа со цело работно време. Не се знае дали и какви мерки ќе бидат превземени од понеделник.

Популарно