Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе се движи од  седум до 14, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска не очекуваре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска не очекува  сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец

Денеска не очекува сончево и многу топло  време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Популарно