ТАЖНА ВЕСТ: Почина српскиот актер Бранислав Петрушевиќ

Актерот Бранислав Петрушевиќ почина вчера ( 09.11. 2019) на 65 години, а веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Марко Петрушевиќ.

„Вчера беше на слава, па чувствуваше мака. Мислевме дека е од храна, па испи сода бикарбона за да го исчисти желудникот. Меѓутоа, не се чувствуваше подобро. Почина денес“ изјави неговиот син Марко. Неговата сопруга била последните минути со актерот.

„Беше на слава и ми рече дека ќе намине во обложувалница. Рече дека изел повеќе и дека не му е нешто најдобро. Во обложувалницата му се слошило и викнале брза помош.Таму констатирале дека притисокот му е нормален и си заминале – вели Нада и раскажува што се случило дома:

„Тој се врати и рече дека желудникот не може да му ја свари храната. Му дадов сода бикарбона и кога утредента се разбуди беше се во ред. Но, кога стана рече дека му се врти и ме замоли да му го масирам вратот бидејќи го болел. Потоа се смеевме, па земав да му читам една книга. Но, наеднаш почна тешко да диши, но ја мислев дека се шегува како што знаеше претходно така да направи. По неколку секунди престана да диши,  почнав да му правам реанимација, но набргу пожолте. Кога дојде Брзата помош го реанимираше 20 минути, но не успееја да го вратат во живот. За десет секунди го загубив сопругот, не можам да верувам – објасни сопругата на Петручи.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно