Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи, а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска.

Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја. Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња.

Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачеј на општините во реонот се следи постојано.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно