Прв во историјата, каков сигнал праќа протестот на текстилците

За прв пат во историјата текстилните работници кои важат за едни од најексплоатираните го кренаа гласот против газдите. Со протест во кругот на некогашниот гигант штипски Астибо, вработени во неколку помали приватни конфекции побараа подобри услови за работа, но и зголемување на минималната плата.

Важат за работници кои се едни од најслабо платените во земјава, а протестот следуваше по барањата на Кластерот за текстил за кои пишуваше Фактор, а со кои газдите побараа продолжување на работното време за половина час, време кое всушност ќе биде платена пауза.

Фактор пишуваше и за финансиските показатели на фабриките за текстил, а анализата покажа дека имаат ниска профитна маргина.

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ нема информации колкумина од нивните блиски опружувања се во самоизолација или се веќе тестирани

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ нема информации колкумина од нивните блиски опружувања се во самоизолација или се веќе тестирани, туку само се нагласува дека се преземаат сите превентивни мерки.

По информациите дека лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале интервју со новинар кој заболен од коронавирусот и оти и двајцата се во самоизолација, од двете партии за МИА информираат дека лицата кои биле во секојдневен контакт со нив ги преземаат сите препораки на здравствените власти.

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ нема информации колкумина од нивните блиски опружувања се во самоизолација или се веќе тестирани, туку само се нагласува дека се преземаат сите превентивни мерки.

Од СДСМ наведуваат дека се се уште во очекување на резултатите од тестот за коронавирусот за лидерот Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потврдуваат дека лица со кои лидерот на партијата Мицкоски бил во секојдневна комуникација се веќе тестирани и оти нивните тестови се негативни.

-Се преземаат сите превентивни мерки и сите кои биле во секојдневна комуниакција се тестираа и нвините резултати се негативни. Се почитуваат сите здравствени превентивни мерки, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: kanal5.com.mk

Во изминатите 24 часа се потврдени 48 нови случаи на Ковид 19, вкупно во земјата 711 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

       Скопје – 284

       Куманово - 168

       Дебар – 49

       Штип-21

       Прилеп –50

       Тетово – 31

       Струга – 33

       Велес – 18

       Битола –8

       Охрид –4

       Кавадарци - 3

       Гостивар –6

       Гевглелија – 4

       Струмица – 2

       Крива Паланка-3

       Радовиш - 4

       Крушево – 3

       Кочани – 19

       Пробиштип - 1

Од 496 тестирање,  преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот.  Веднаш потоа Министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот.

Телевизија Канал 5 објави соопштение за деталите околу новинарот заразен од Covid-19

Телевизија Канал 5 објави соопштение во кое посочи дека заразениот новинар што правел интервју со лидерите на двете политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, е Гоце Михајловски. Во соопштението стои:

-Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на Корона вирусот, која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски.

Како професионална и одговорна компанија , која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен.

Сакаме да ја информираме јавноста за следново:

Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своите родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30ти март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.

Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во  компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири , за дополнитена заштита

Во четвртокот и петокот, во емисијата САМО ИНТЕРВЈУ, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во недела, 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место.

Од  понеделник, 6 април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање , но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање. На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е НЕГАТИВЕН на корона вирусот.

Во четврток, 9 април, колегата Михајловски заминува во Воена болница , каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19.

Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават.

Нашата компанија во соработка со Министерството за здравство ќе ги превземе сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба и благовремено ќе ја известува  јавноста за сите новонастани моменти.

На нашиот колега Гоце Михајлоски му посакуваме да се опорави што е можно побрзо.Ниту тој сакал да биде заразен со Ковид-19, а уште помалку тој да биде трансмитерот и евентуално да зарази трети лица, стои во соопштението.

Иако од телевизијата најавуваат некој вид самоизолација, сепак според соопштението, јасно оставаат простор некои од вработените се уште да престојуваат во телевизијата. Дилемата сега е како ќе постапат надлежните органи и дали сите од Канал 5 ќе мора да одат во самоизолација,т.е. карантин и дали ќе бидат тестирани.

Популарно