Oблачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде oблачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови .

Утринската температура ќе се движи од 4   до 12, а дневната температура од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно oблачно со врнежи од дожд .Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната температура до 17 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Денеска не очекува сончево и многу топло време  со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска не очекуваре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска не очекува  сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Популарно