Прегазен пешак на патот Крива Паланка - Куманово

Вчера во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.

Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

21-годишник тешко повреден откако излетал од коловозот

На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увид екипа од ОВР Делчево, соопшти МВР.

Пукано кон куќа во Тетово од возило во движење, нема повредени

Синоќа околу 22 часот и 45 минути на булеварот „Илинден“ во Тетово се пукало од огнено оружје, за што жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Засега од СВР Тетово немаат информации за повредени луѓе.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

Ненадејно почина селекторот на македонската репрезентација до 17 години!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.

Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.

Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.

Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед. Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.

Популарно