Видео: „Километри“ на Лозано украдена од косовски пејач – се натпреварувал на фестивал!

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивал во Албанија – „Kenga Magjike“.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!

Направете споредба и слушнете ја оргиналната нумера на Лозано:

Наташа Беквалац доби солена понуда

Откако по третпат се разведе, Наташа Беквалац тврди дека нема момче, но како што може да се види, многумина се обидуваат да ја освојат.

На неа секојдневно и се додворуваат мажи, а еден Младен понудил 100.000 евра само за една ноќ да помине со неа. Тој од неа не бара ништо, туку само да ми подари внимание додека не се запознаат подобро, по што ќе може да бира.

„Види вака, ти и јас одлично се познаваме. Ќе ти дадам 100.000 евра за ноќ со тебе. Не мора да ме сакаш, не мора да бидеш со мене, но дај ми шанса. Осмели се. Пробај ме. Имам автомобил. Стан. Викендичка. Имам две деца, ова ми е лажен профил, но не е важно“, напиша во пораката, а најверојатно станува збор за бизнисмен од Белград кој живее во Швајцарија.

(Фото) Луна пак беше на операција – еве што реши да корегира!

Луна Џогани, учесничката и поранешна победничка во Задруга, откако ги зголеми градите пред една година, сега направи уште една корекција.

Луна неодамна ги зголеми усните, но по интервенцијата се случиле компикации, па горната усна целосно се деформираше.

„На Луна сите и зборуваа дека усните и се убави и не треба да ги допира, меѓутоа, таа не беше задоволна. Постојано зборуваше дека сака поголем волумен и на крајот се реши да направи процедура за зголемување на усните“, открива нејзин пријател.

Сепак, се случила компликација, по што пејачката имала голем оток, но благодарение на облогите и лековите, тој брзо поминал. Меѓутоа, кога забележала дека усните и се деформирани, веднаш заминала на друга операција.

(Фото) Дарко Лазиќ се преполови – еве како изгледа без маичка!

Дарко Лазиќ според објавите кои се појавуваат на Инстаграм ги минува топлите денови на река. Насмеан и без маичка, со гордост го носи секој белег кој му остана по операцијата.

Да потсетиме, пејачот неодамна пред камерите откри дека се преполовил, па покажа дека води сметка за тоа што го јаде, посебно по операцијата за намалување на желудникот.

Комплиментите на негова сметка постојано пристигнуваат, додека тој вели дека не планира тука да запре и сака уште да слабее.

„Ослабев многу, но знаете, треба уште! Треба барем уште 20 килограми да намалам“, порача Лазиќ.

Популарно