Виц на денот

Бос

Го сретнува другарот Трпе  и му вика. Абе Трпе како си дотеран одело, кравата пантолона топ од каде вака. Трпе одговра:  знаеш шефот реши да ме дотера како оние возачите од филмовите.

Се чуди другарот и прашува, а Трпе зошто не носиш чевли.

Трпе одговара. Па нели гледаш дека пишува на оделово Боссс.

Цар

Се родил со царски рез и  се занесува дека е Цар

Гатачка

Една гатачка на жената која дошла на гатање и вика „Вашиот маж ќе умре“

Жената: Го знам тоа види дали ќе има истрага

ФОТО: Позираше во проѕирна кошула и ги покажа градите

Најубавата жена на светот, Бела Хадид ги занесе своите 27 милиони следбеници на Инстаграм со предизвикувачки фотографии во проѕирна кошула што не успеа да ги скрие нејзините бујни гради.

Супермоделот позира на фотографии од рајска плажа на островот Свети Вартоломеј, а нејзината завидна фигура е особено истакната во секси модната комбинација.

Тамара Тодевска: „Тоа беше период кога требаше да бидам горда, а јас бев затворена во четири ѕида“

Македонската пејачка Тамара Тодевска која на овогодинешната прослава на Денот на независноста во американската амбасадаво Скопје со своја „верзија“ ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Тоа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Во интервју за за Wiwibloggs, Тодевска првпат проговори за случката со химната и откри низ што поминала:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…

На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ кажа Тамара и првпат проговори на оваа тема.

Бранка Соврлиќ: „Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца“

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

„Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се“, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

Популарно