ФОТО: Фаталната блондинка има 49 години и е 11 години постара од него

Можеби мислевте дека не постои некој кој ќе може да го скроти Златан Ибрахимовиќ, но се чини дека овој фудбалер има слаба точка, а тоа е неговата сопруга.

И додека два италијански гиганти се борат за него - Болоња и Милан, извори од тамошните медиуми тврдат дека главниот збор го има неговата сопруга која му суфлира да се врати во Милан, чиј дрес веќе го носеше и тоа во периодот од 2010 до 2012 година.

Каде на крајот ќе заврши ќе видиме во декември кога ќе му истече договорот со американскиот Лос Анџелес Галакси, но едно е сигурно - госпоѓа Ибрахимовиќ секогаш имала влијание врз него.

Нивниот брак инаку важи за еден од најстабилните во светот на спортот и естрадата, а 1љубовната приказна на овој пар започнала необично и интересно, но се претворила во сигурна врска.

49-годишната Хелен Сегер и 38-годишниот Златан се запознале во 2002 година во Малме и тоа сосема случајно на еден паркинг.

„Кога го запознав Златан, имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури не беше ниту мој ип на маж. Првпат кога го видов, со своето Ферари го загради мојот Мерцедес, го видов неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и почнав да викам на него. Мислам дека тоа му се допадна“, рекла Хелен.

Оваа средба ги променила нивните животи засекогаш.  После четири години врска на свет дошол нивниот прв син Максимилијан, а две години подоцна добиле уште еден син - Винсент.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#Ibrahimović Family #ZlatanIbrahimovic #HelenaSeger #MaximilianIbrahimovic #VincentIbrahimovic

A post shared by Family2foot2 (@family2foot2) on

Хелен инаку важи за „кралица жена на фудбалерите во Шведска“, а во својата родна земја има статус како Бијонсе во Америка. Тешко е да се прочитаат лоши зборови за оваа дама. Ден денес таа работи во полна пареа. Интересно е тоа што парот е нераздвоен цели 16 години и нема ни шпекулации за тоа.

Една од легендарните негови изјави за медиумите е одговорт на прашањето што ? купил за роденден, а тој рекол: „Ништо, таа веќе го има Златан“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🌸 🌼 🌸 #helenaseger #zlatanibrahimovic

A post shared by @ helenasegerfp on

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

Популарно