Познато колку пари собрале Богдана и Вељко за свадбата

Свадбата на наследникот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ поминала токму онака како што семејството Ражанатовиќ и Родиќ замислиле, а гостите главно носеле подарок во плик. Свадбата на Богдана и Вељко и понатаму број еден тема во медиумите на Балканот.

Како што пишуваат српските медиуми, семејствата се задоволни како течела прославата/ Според сознанијата на Курир.рс, Богдана и Вељко собрале 100.000 евра од свадбата.

И музиката одлично поминала, па пејачите заработиле околу 30.000 евра. Меѓу првите за микрофон се фатил Радиша Трајковиќ Џани.

Цеца во поголем дел ги сносела трошоците затоа што семејството Ражнатовиќ имало повеќе гости, но и Родиќ допринеле. Во свадбата биле вложени 120.000 евра, но тоа било подарок од родителите за младенците.

Лукас и Џани меѓусебе се кителе со 100. 200 и 500 евра. Аца Лукас бил толку расположен што го редел својот колега со пари околу вратот, во џебовите од опанталоните, па и му давал и на виолинистот кој го следел пејачот.

На крајот домаќинката Цеца им се заблагодарила на гостите.

-Јас сакам на сите кои останаа до крај да им се заблагодарам. И на вас, момци. Сите сте мои колеги. Ми беше преубаво вечерва. Сите вие сте заслужни што вечерва бев најсреќна жена. Ве бакнувам. Се надевам дека ви беше пријатно и дека ќе се дружиме повторно - рекла Цеца.

(Видео) Драма во емисијата: Бесниот Гаги скокна кон Јелена поради Луна, а потоа налета и Анабела

Водителот Милан Милошевиќ го прочита прашањето во емисијата на „Прашањаа со гледачите“.

„Гаги, ние сме свесни дека ниту ти, ниту ќерка ти не знаете да се однесувате, но ги обвинувате другите за вашите работи. Дали можеш да повториш што кажа Мима, а се сложуваш со неа?“, гласеше прашањето.

„Мене ми е глупаво да зборувам нешто за неа, не можем да се сетам што кажа Мима. Направи некои работи, тоа е моја прроценка, дека работи со Јелена. Не знам, и кога ќе се инервира, гледав и кога се смееше и кога критикуваше“, кажа Гаги.

Веднаш потоа ги пецна Јелена, по што почна драмата. Погледнете:

(Фото) Игор и Илина си испринтаа маски со нивните имиња

Актерот Игор Џамбазов објави фотографија на која со неговата поубава половина, алпинистката Илина носат маски со нивните имиња, па му се заблагодари на својот пријател за уникатниот подарок.

Двојката подолго време е во Стар Дојран, во селото Сретеново, од каде речиси секој ден споделуваат слики и видеа.

Цеца: Страшно е ова што ни го прават мене и на Новак

Светлана Ражнатовиќ Цеца, одлучи да проговори за актуелната тема за корона вирусот и кажува дека ги почитувала сите мерки на забрани за собири, и во ниеден момент не се осетила виновна поради прославата која ја организирала по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко.

-Апсурдно е луѓето да линчуваат затоа што на нивната забава или турнир некој бил заразен со корона. Никој немаше лоша намера, а на крајот на краиштата секој дошол на своја одговорност, и на турнирот и на мојата прослава. Но, затоа што сега е во ек короната, работите се поставиле како јас да сум го донесола вирусот од Кина и сум го пренела на прославата, раскажува Цеца за српските медиуми.

-Страшно е тоа, а страшно е и ова што му го прават на Новак! Човекот доби дозвола да организира турнир. Му дозволија Хрватска, Србија и Босна. Не е ни во моја моќ, ни во моќта на Новак да одлучуваме што треба, што не, туку постојат стручњаци кои донесуваат такви одлуки, додаде таа.

-Не се чуствував виновна во ниту еден момент. Додека важеа мерките за забрана на собири, јас ги почитував. Истата вечер кога беше мојата прослава, во Белград се отворија и неколку ноќни клубови и сплавови. Па одржана е и утакмица помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан. Значи, државата даде дозвола ние да функционираме нормално на основа на проценка од стручњаци. Немав никакви тешкотии. Се чувствував потполно здраво, но превентивно се тестирав заради бебето. Едноставно, ми беше важно Жељко да биде здрав, не сакав да ризикувам, затоа што не сум себична, заклучи фолк дивата.

извор: kurir.mk

Популарно