Во Кина пронајден праисториски глушец

Во североисточна Кина се откриени во камен остатоци од добро сочуван „џиновски глушец”, современик на диносаурусите во мезозојската ера.

Глодачот Jeholbaatar kielanae, што живеел пред најмалку 65 милиони години, тежел 50 грама и бил 2,5 пати поголем од денешните свои роднини. Надворешно личи на нив, ама денешно глувче, просечно тежи 19 грама, истакнува палеонтологот Јуанкинг Ванг од Институтот за палеонтологија и палеоантропологија на ’рбетници во Пекинг.

Тој, исто така смета дека праисторискиот глушец имал силно развиен слух, што го штител од ловот на диносаурусите во тој период.

– Врз основа на обликот на долниот образ, глувчето јадело сè – црви, членконоги и растенија. Имало јасно изразено движење на вилицата при џвакање, додава Ванг.

Палеонтолозите во наоѓалиштето во провинцијата Лијаонинг претходно  нашле и остатоци на диносауруси, праисториски цицачи, птици и инсекти, од кои некои успеале да го преживеат метеоритот што ги истребил диносаурусите пред 65 милиони години. Некои исчезнале пред 34 милиони години, отстапувајќи им го местото на подоцнежните примати, копитари, глодачи и други ’рбетници.

ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

Видео: Ова ти се вика „милениче“

Жител на БиХ од Груде наишол на поскок за време на неговата прошетка, па одлучил да го фати и да го однесе дома, пишува “Дневни Аваз”.  Младен Иличиќ изјавува:

– Случајно го пронајдов ова шише, бидејќи несовесните граѓани ѓубре фрлаат каде ќе стигнат, па ја таив змијата и ја затворив во него, раскажува Иличиќ, кој потврди дека поскокот е сега негов домашен миленик.

– Змијата е кај мене и ја хранам со инсекти.

Фото: Нашите освојуваат награди и во Кореја

Машински Факултет Скопје издаде соопштение  во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Честитки за македонските иноватори.

Популарно