Фото: Која ќе го „лапне“ синот на Брена

Иако со месеци се шпекулира дека има повеќе од само пријателство помеѓу пејачката Милица Павловиќ и пејачот Стефан Живојиновиќ, двајцата никогаш не ги потврдија или негираа овие тврдења, а деновиве тие повторно се појавија заедно, каде што седеа во исто сепаре во дискотека.

Милица беше облечена во син, елегантна костум, а Стефан во класични панталони и кошула. Меѓутоа, можноста за нешто повеќе да се одвива меѓу нив, ја отежна победничката на „ Задруга 1“ Кристина Која Коцкар, која  вечерта во нивното сепаре , според очевидците била  вишок.

Како што коментираа присутните, цело време се „приетувале“ љубовни искри меѓу Милица и Стефан, а можеше да се почувствува привлечноста помеѓу овие две млади звезди која наводно ја има со месеци, но можните конкретни чекори во конечното реализирање на оваа романса ги попречувала Кија, која седела меѓу двајцата.

Стефан Живојиновиќ  како вистински господин на почетокот на летото за атрактивната пејачка Милица Павловиќ организираше  ручек во елитен ресторан.

 Во секој случај, тие би биле навистина убав пар, обајцата се згодни, млади и успешни,   медиумите со внимание го следат  секој нивни чекор и очекуваат да се случи нешто „конкретно“.

Фото: Дали го препознавате?

Поранешниот пејач на групата „One Direction“, Зејн Џавад Малик, ги изненади своите  фанови со драматична промена на имиџот.

Зејн, кој инаку е познат по својата „разбушавена“ коса, објави на Инстаграм за да објави фотографија на која позира „исшишан“ нула. Иако доби многу комплименти, а фотографијат се допадна над три милиони луѓе, на некои фанови не им се допадна промената.

"Кој е ова?" некои се прашуваа во коментарите, додека други коментираа колку добро му одговара оваа фризура:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zayn Malik (@zayn) on

Видео: Како се краде битолска столица!

Во текот утринските часови во петокот, околу 02.30 ч. од продавницата Тобако, сместена под безистенот во Битола, од страна на непознато лице е одземен стол, кој бил оставен и заборавен пред самиот дуќан.

Газдата на дуќанот упати апел доколку некој го познава човекот од видеото да му пренесе да дојде кај нив и да си го земе и другото столе пренесуваат од Маркукуле.мк

 

Ako go poznava nekoj cickoto neka mu kazi da dojdi ke mu go dajme i drugiot stol.

Posted by La Tobacco on Friday, October 4, 2019

Видео: Змија се „прошета“ на плоштад

На социјалните мрежи беше објавено видео од мала змија која денеска ги возменири граѓаните на плоштадот “Македонија” во Скопје.

Топлото време кое е невообичаено за овој период на годината е примамливо за влечугите сеуште да се движат наоколу.

Граѓани ја уловија змијата во шише која веројатно е водна, а потоа ја пуштиле на безбедно место.

Популарно