ФОТО: Пејачки кои имаат слава, популарност, милиони, а едвај завршиле или немаат ниту основно училиште

Естрадата со задоволство зборува за тоа колку многу бакшиш на пример, добиле на некоја забава, а кога станува збор за едукацијата и образованието, тие молчат како неми!

Повеќето пејачkи го започнале патот на славата многу рано и нивното образование не им било приоритет, така што поединците едвај завршиле и основно училиште.

На пример, Северина Којиќ, хрватскаta поп-ѕвезда, уште на млада возраст одлучила музиката да биде нејзин животен избор, па затоа се откажала од средното училиште во Сплит.

Ниту Злата Петровиќ, ниту Весна Змијанац не се посветиле на образованието и останале само со завршено основно училиште.

„Јас не го продолжив своето школување во младоста, морам да го признаам тоа. Мојот живот доби поинаков правец, затоа му се посветив на пеењето. Денес можам да кажам дека не сум згрешила.  Секој треба да му се посвети на она во што е добар“ –  вели Злата.

Александра Пријовиќ стигнала до средно училиште, но тука застанала поради натпреварувањето во музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“. Прија се обиде да го заврши училиштето вонредно, но нејзината кариера и беше поважна.

Ниту Дара – Бубамара не стигнала подалеку од основно образование, бидејќи го баталила средното училиште и и’ се посветила на музиката. Фолкерката се пофалила во медиумите дека завршила француски јазик на познатиот универзитет Сорбона, но се покажа дека се работи само за  обичен курс.

Од друга страна, некои од пејачките успеаја да дипломираат и покрај кариерата и сите обврски и настапи!

Зорица Брунцлик, на пример, дипломирала на Економскиот факултет во Ниш и има високо образование. Наследничката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, се школуваше во Грција и таму ги завршила студиите за меѓународен бизнис.

Пејачката Неда Украден, важи за најобразована ѕвезда на целата естрада. Неда дипломирала на два факултета – правен и филолошки.

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Со оваа изјава Северина ги запрепасти припадничките на понежниот пол

Северина сите ги запрепасти со својата порака за 8. Март, па се појавија лавина коментари.

- Секоја жена треба секој ден да има Ден на жената. Успешните жени не би требало ништо да работат според мене. Секоја успешна жена треба да има мир и да се негува. Многу задачи си зададовме, ни треба само мир и негување, а не кариера, истакна Северина и сите ги зачуди.

Популарно