Видео: Неверојатна kражба „пред очи“

Пред неколку месеци безбедносните камери на аеродромот во Рим  снимиле  неверојатна kpaжба, која се случила за време на безбедносната контрола.

На видео-снимката од аеродромот “Флумичино”, се гледа како човек во платичната кутија на подвижната лента става две плика со вкупно 8.000 евра, кои уредно ги пријавил.

Меѓутоа, додека чека да помине сигурносната проверка, позади него се појавува патник, човек со бела блуза, кој го заобиколува. Кога ја помина сигурносната контрола пред жpTBaта, kpaдецот ги зеде парите и продолжи да се движи понатаму, забрзано да се оддалечува од тоа место.

Сопственикот на парите крена паниka, го повика обезбедувањето и започна да ги бара парите. Kpaдецот ги сокрил парите во тоалетот, чекајќи го последниот момент пред полетувањето за да ги земе и да исчезне.

Сепак, полицијата го yaпcила кога се обидувал да влезе во авионот за Русија, додека парите му се вратени на сопственикот.

ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

Видео: Ова ти се вика „милениче“

Жител на БиХ од Груде наишол на поскок за време на неговата прошетка, па одлучил да го фати и да го однесе дома, пишува “Дневни Аваз”.  Младен Иличиќ изјавува:

– Случајно го пронајдов ова шише, бидејќи несовесните граѓани ѓубре фрлаат каде ќе стигнат, па ја таив змијата и ја затворив во него, раскажува Иличиќ, кој потврди дека поскокот е сега негов домашен миленик.

– Змијата е кај мене и ја хранам со инсекти.

Фото: Нашите освојуваат награди и во Кореја

Машински Факултет Скопје издаде соопштение  во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Честитки за македонските иноватори.

Популарно