Сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

Денеска не очекува променливо сончево и потопло  време со мала до умерена облачност. По одделни котлини со појава на магла, претежно во претпладневните часови. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу -2 до 5, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 7 до 16  степени.

Во Скопје утринската температура  достигна до 2 степени, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Променливо облачно време со засилен северен ветер

Денеска не очекува променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот во југозападните и западните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 27 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Денеска не очекува сончево топло време  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање

Популарно